Македонија

Најновиот документарец на ИРЛ избришан од YouTube поради прекршени авторски права

Трета контроверза во низа откако за ИРЛ судот пресуди дека не е медиум, досега два пати беше осудена за клевета

Најновиот документарец на проектот Истражувачка Репортерска Лабораторија (ИРЛ), кој беше насловен како „Цената на правдата“, повеќе не е достапен на платформата YouTube.

Според образложението кое може да се види на сајтот на ИРЛ, документарецот е избришан поради кршење на авторски права.

Правата за дел од документарецот според објавата на Јутјуб се на порталот Плусинфо.

Најголемата светска платформа за споделување на видеа Јутјуб констатирала дека ИРЛ неовластено користела туѓи авторски дела.

Засега ниту ИРЛ која ја води Сашка Цверковска ниту Плусинфо каде пишува Бранко Героски не објавуваат што се случило.

Во избришаниот документарец, тимот на ИРЛ изнесуваше шокантни тврдења против обвинителите Хајрулахи и Цветановски, кои на пошироката јавност им станаа познати по тоа што сакаа да ги гонат обвинителите од екс СЈО: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Лиле Стефановска…

Случајот се однесуваше на незаконско делење на бонуси од неколку милиони евра од буџетот на СЈО.

Оваа контроверза со случај на кршење на авторски права на ИРЛ е трета во низа, откако ,,истражувачката лабораторија” за кој судот пресуди дека не е медиум, досега два пати беше осудена за клевета.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителите бараат Уставниот суд да се изјасни за намалените плати, тврдат дека е „загрозена самостојноста на Јавното обвинителство“

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители реагираат, поради тоа  што Уставниот суд сè уште не одлучил по иницијативите за намалените плати. Според нив, „ваквата состојба создава нееднаков третман меѓу обвинителите и судиите и ја загрозува самостојноста на Обвинителството“.

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата донесува нова енергија и уште поголема одговорност, зашто најважниот дел од работата допрва започнува!

„Како нови министри предлагам луѓе, кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот.“ – порача премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во Собранието на Република Македонија, образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата на Република Македонија.

Левица: СДСМ се против една изборна едница, очајнички обидувајќи се да се спаси од распаѓање!

„За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. СДСМ упорно одбива да одговори на прашањето: дали сте за една изборна единица или не? Сè друго е очајнички обид да се спаси сопственото распаѓање!“ – нагласува Левица во своето соопштение.

Манасиевски: Дијаспората жртва на СДСМ, Левица и ДУИ

Со месеци се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, споменатите избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски иселеници

Најнови вести

To top