Македонија

Загина 18-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа во скопски Чаир

Осумнаесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Адем Демачи“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи

Осумнаесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Адем Демачи“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 13 март 2026 околу 15:20 часот во СВР Скопје, а во неа учествувале мотоцикл „пијаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Љ.(18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(35), сите од Скопје.

Во несреќата, мотоциклистот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки на обвинителот телото на починатиот е дадено за обдукција.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top