Македонија

Небото доби 63 ангели, а Кочани останува со рана што никогаш нема да зарасне

Претседателката Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски се потпишаа во книгата на жалоста

Највисоките државни и локални претставници, претседателката Гордана Силјановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, пратеникот Миле Лефков, градоначалникот Владко Грозданов, претседателот на Советот на Општина Кочани Александар Андов, на комеморативната церемонија во Градскиот парк во Кочани се потпишаа во книгата на жалоста и изразија сочувство на родителите и семејствата на загинатите во трагедијата на 16 Март 2025 година.

На централниот плоштад во Кочани, глетката на 63 празни бели столици стана најсилниот нем сведок на големата трагедија.

Секоја столица, со испишано име и година на раѓање, го претставуваше празното место што остана во домовите и во срцата на семејствата по пожарот во дискотеката „Пулс“.

На секое седиште беше поставена бела роза со црна лента, симбол на невиноста на прерано згаснатите животи и вечната тага на градот.

На потпирачите на столиците стоеја имињата на Спиро, Томче, Јорданчо, Надица, Павел… потсетувајќи ги присутните дека тие не се само бројки, туку личности со соништа кои беа прекинати во еден кобен миг.

Сценографијата на собирот, со белите балони и празниот простор пред бината, создаде амбиент на длабока почит, каде и покрај сончевиот ден, владееше тишина која зборуваше погласно од секој збор.

Овие празни места се потсетник за целото општество дека одговорноста и сеќавањето се единствениот пат кон правдата за 63-цата млади кои денес требаше да бидат меѓу нас.

Фото: Фејсбук профил на премиерот Христијан Мицкоски

Најнови вести од: Македонија

Секој граѓанин сам ќе одлучи дали ќе биде органодарител

Усвоени измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт

ВРЕДИ: Требаше Ахмети да оди во опозиција за Зајас да разбере зошто остана без канализација

На Албанците им кажуваа „причини“, додека зад сцената се склучуваа договори за соработка, се воведуваа локални фирми и се префрлаа милиони евра од европските фондови.
Жителите чекаа канализација, а друг чекаше исплати.

To top