Македонија

Златев vs ИРЛ: Му украле авторски права а го обвинуваат за пропаганда

Фрлена ракавица до Јавното обвинителство

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев објави информации според кои нему од страна на Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ) му биле украдени авторски права од емисијата ,,Еспресо со Златев”.

Златев открива дека тој не барал цензура на видеото на ИРЛ туку да се отстранат украдените делови од видеото шо што видеото ќе може да се гледа слободно.

ИРЛ одбиле да ги тргнат украдените материјали.

,,Почитувани

Македонската Радио Телевизија во етер, а ИРЛ Македонија на интернет, без да обезбедат авторски права емитуваа материјали кои се авторска сопственост на Љупчо Златев и Плусинфо.

Од YouTube побаравме да ги отстрани тие материјали, барањето ни беше прифатено. Не баравме да цензурираме никакво видео или документарец, туку да се отстранат деловите за кои ние поседуваме авторски права.

Од ИРЛ Македонија, пред Youtube одбиле да престанат незаконски и неовластено да ја користат нашата авторска сопственост. Откако одбиле, од платформата им е суспендирано целото видео. По нивна, не по наша вина”, пишува Златев кој вели дека доколку сака ИРЛ може веднаш да го вратат видеото, доколку пред Youtube (не пред нас), прифатат да ги избришат деловите кои платформата ги детектира како наши.

,,Не сакам да верувам дека од ИРЛ не го кажуваат ова, за да создаваат манипулативен наратив дека некој сака да ги цензурира.

Јас на ИРЛ и Сашка Цветковска им дадов 7 дена пред суспендијата, во кои великодушно им дадов шанса да ми исплатат симболична сума за авторски права, односно да бидам поконкретен – симболичен процент од годишните приливи на нивното правно лице. Барањето ми беше одбиено.

Сега, госпоѓата Цветковска ме обвинува дека сум ја цензурирал. Замислете, затоа што не дозволувам некој неовластено да користи нешто што е мое, јас сум цензурирал заедно со некакви елити. Какви будалаштини и какво непознавање на поимот авторски права. Всушност, јасна малциозност, некого да украдеш и потоа да го навредуваш.

Немам друга опција освен да го тужам јавниот сервис, верувам дека истото ќе го направи и колегата Героски. Ќе бараме финансиска оштета и забрана за дистрибуција на нашите авторски дела на интернет”, пишува Златев.

Тој во исто време ,,фрла ракавица” до обвинителството.

,,Не постои легален начин некој да симне видео од јутуб и да го стави во програма за монтирање на документарец. Единствениот начин кој постои се нарекува пиратерија и претставува кривично дело согласно законите на Македонија, но и на сиот цивилизиран свет. За ова дело, беше осуден господинот Марјан Стаменковски (ДоказМ) и за истото достоинствено си одлежа затворска казна.

Ви пренесувам стори на Сашка Цветковска во кое сум наречен пропагандист и сојузник на политичката и економската моќ, верувале или не – само затоа што си ги барам правата за она што е мое.

Замислете, ем ме крадат – ем јас сум крив!

Предходно ИРЛ Македонија од каде не негираат дека украле туѓо авторско дело ги обвинија новинарите Љупчо Златев и Бранко Героски дека се пропагандисти кои со поддршка на политичка и економска моќ го укинале видеото кое беше поставено на Јутјуб.

,,Документарецот „Цената на правдата“ беше отстранет од YouTube по пријава за авторски права од Плусинфо и Лидер. Кратки исечоци од нивни видеа беа искористени во филмот за критика на медиумската пропаганда што работи во заштита на корумпирани моќници.

Одлуката ја донесе алгоритам, а не човек. ИРЛ поднесе контра барање за ревизија. Во меѓувреме добивме 90-дневна забрана за објавување на YouTube, па содржините ќе ги објавуваме на Facebook и Spotify”, пишува ИРЛ во објава на Фејсбук.

Од ИРЛ која има две пресуди за клевета за други случаи не наведуваат за каква политичка и економска моќ зборува.

Најнови вести од: Македонија

Министерката Јаневска најавува законски измени, со кои ќе се казнува родителот на дете со насилно однесување

По инцидентот во основното училиште во Општина Гази Баба, каде што малолетник беше прободен со нож од врсник, министерката за образование, Весна Јаневска побара законски измени за казнување на родителите на децата кои вршат насилство во училиштата. Таа апелираше родителите да покажат поголема грижа кон своите деца, нагласувајќи дека агресивноста не се создава во училиштето, туку децата ја носат однадвор. Јаневска најави враќање на одделенските наставници-воспитувачи и лиценцирање на училишните психолози за поблиска работа со учениците, родителите и наставниците.

Мицкоски: Владата подготвува мерки за ограничување на брзите кредити, по законот за игри на среќа

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува мерки и за ограничување на брзите кредити, откако претходно беше утврден новиот Предлог-закон за игрите на среќа и забавните игри. Тој рече дека, според анализите на Владата, токму долговите се една од причините поради кои граѓаните ја напуштаат државата. Мицкоски истакна дека „како по правило“ речиси до секоја обложувалница, или казино се отвораат и канцеларии за брзи кредити, создавајќи опасен круг на долгови и зависност.

Муцунски: Македонија нема да преговара со Бугарија за националниот идентитет, историјата и јазикот! – Тоа се нашите „црвени линии“!

„Македонија има црвени линии и нема да преговара за прашања, поврзани со националниот идентитет, историја и јазик!“ – изјави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во интервју за „Еуроњуз“. Тој истакна дека историските расправи треба да им се остават на академиците, а политичарите да се насочат кон иднината и кон европската интеграција.

Престанете да пишувате белешки и преземете ја контролата: Како состаноците од еден час да ги претворите во записи од 30 секунди

Сите сме се нашле барем еднаш во ситуација да гледаме во екранот или во тетратката додека состанокот полека влегува во својот втор час.

Мицкоски за одлуката на ОЈОГОКК за прекин на постапката за мазутот: Очекувам преразгледување на случајот, а јавноста знае каков обвинител е Ислам Абази!

„Вчера најпрвин со неверување ја слушнав таа вест. Бев бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ ќе вложи жалба, кога ќе ја добие одлуката и очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на преразгледување и на повторна анализа. Зашто, ако тоа не се случи тоа, тогаш обвинителството ја губи конечно својата доверливост!Јавноста знае каков обвинител е Ислам Абази.“ –  истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа што Обвинителството ја прекина истрагата за набавка на мазут – случај во кој беа обвинети Васко Ковачевски од СДСМ, Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и уште 11 лица.

Најнови вести

To top