Македонија

СДСМ и Жерновски да запрат со самоубиствените политики, бара Наум Стоиловски

СДСМ нема политика којашто ја креира, а која поминува кај Македонците

СДСМ и партиските финкционери на Бихаќка да ги научат лекциите и да запрат со самоубиствените политики порачува Наум Стоилковски на телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“.

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата зворуваше за евроинтегративниот пат на Македонија, за блокадите од страна на Бугарија и за наследството што СДСМ и го оставил на ВМРО-ДПМНЕ на ова поле.

„Кога Македонија требаше да го смени Уставот, да го смени името за да влезе во НАТО и во Европска Унија, Софија немаше никаков проблем со ништо во рамки на добрососедството, кога влегуваше Македонија во НАТО немаше никаков проблем од страна на Бугарија, од тогаш навака на три пати се појавува. Колку отворањето на Уставот сега понатаму ќе биде решение за тоа, и ќе се остава простор Софија во секои наредни предизборија да имаат нови и нови теми поврзани со национализмот“, рече Стоилковски.

Стоилковски објаснува дека Македонија се наоѓа во ваква ситуација поради грешките направени од претходната власт и посочи дека лекцијата во СДСМ и покрај сите фатални грешки, се уште не е научена.

„Грешка е направена од страна на претходната власт, којашто идеше отворено без размислување и покрај сите предупредувања дека не треба и дека ќе биде злоупотребено сето тоа и дека летвичката ќе се крева се погоре и погоре“, смета Стоилковски.

„Лекцијата во СДС и целиот систем на СДС како партија, како поддржувачи, како поранешни експерти, не е научена. Би требало да се застане да се види до каде е ситуацијата, да се направи едно единство во државата. Мислам дека СДС мора да ја научи таа лекција и да престане да биде бомбаш- самоубиец со вакви настапи како на Андреј Жерновски или на други, за евроинтеграциите да бараат да биде променет Уставот. СДС нема политика којашто ја креира, а која поминува кај Македонците“, вели Стоилковски во интервјуто.

Целата емисија

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top