Македонија

Припадник на Армијата е убиениот во Батинци

Се работи за А.М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник, потврди Министерството за одбрана

„Лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот“, се истакнува во официјалното соопштение на Министерството за одбрана.

За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден, соопштија надлежните.

На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција.

Претходно денеска, беше објавено дека околу 10:55 часот, во Градската болница бил донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот по престрелка во скопско Батинци.

Најнови вести од: Македонија

Загина еден од затрупаните работници на градилиште во Кисела Вода

Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје

Тројца работници затрупани на градилиште

Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со крици (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице

To top