Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со намален ДДВ, граѓаните заштедуваат 1,6 милиони евра неделно за горива

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија

Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија.

Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со што директно се влијае на стабилизирање на цените.

Со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари. И покрај зголемувањето Македонија има убедливо најниски цени во регионот на горивата.

„Овие мерки носат конкретни заштеди за граѓаните, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден, или некаде околу милион и пол илјади евра седмично, земајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво“, се вели во соопштението нод ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на тоа дека просечната потрошувачка е некаде околу милион и шестотини илјади литри од коишто милион и двеста литри се дизел гориво, отприлика 75% а останатите четиристотини илјади литри се бензин 95 и 98 октански.

Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.

Електроенергетскиот систем во државата функционира стабилно со активни производствени капацитети. Во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40 проценти исполнетост, што, би било доволно за производство на електрична енергија за околу еден месец и во услови ако останатите извори запрат.

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија.

Со овие мерки се прекинува синџирот на поскапување. Превентивно се делува за да се спречат економските притисоци и се штитат цените на храната, транспортот и услугите.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник меѓу Заев и Ципрас?

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

Торонто доби Канадско-македонска стопанска комора – платформа за претприемачи и соработка со Македонија

Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.

To top