Македонија

Тошковски најави повисоки плати, нови униформи и построги контроли во МВР

Реформите во полицијата се предуслов за зголемувањето на нејзината ефикасност, порача министерот за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави зголемување на платите и нови униформи за полициските службеници, како и проверки на интегритетот на вработените во Министерството за внатрешни работи.

„За професионалците и за оние коишто се столбот на безбедносниот систем во Македонија, во иднина ќе има и зголемување на плати, и нови униформи, и повеќе возила, и подобри услови за работа, и подобри објекти, и нов колективен договор“, изјави тој во „Само интервју“ на Канал 5.

Нови, модерни униформи полицајците ќе добијат до крајот на годинава, а во иднина се планираат и нови возила, подобри објекти и нов колективен договор.

Во однос на проверките на интегритетот, министерот најави повисоки професионални стандарди и поголема одговорност за службениците кои не ги почитуваат правилата и процедурите.

„Мора да се исчистиме од овие другите. Има и таму луѓе што се корумпирани“, рече Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Galaxy Z Fold8 нуди повеќе отколку што мислите: мали трикови што го олеснуваат секојдневниот живот

Со Galaxy Z Fold8, осмата генерација на иновативни уреди на преклопување на Самсунг (“Samsung”), нуди повеќе за откривање, надвор од веќе познатото искуство на отворање на уредот за да се добие поголем екран. Некои функции ви овозможуваат телефонот да го доживувате полично, додека други ги олеснуваат секојдневните задачи.

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Како дел од 4iG Group, One Albania продолжува да инвестира во напредни технологии, вклучувајќи 5G и оптичка инфраструктура, за да ја подобри поврзаноста и да ја зајакне својата телекомуникациска мрежа низ целата земја.

Јаневски: Потребен е критички однос кон оние, кои работат против државните интереси на Македонија, наместо да им се дава простор и влијание во јавноста!

Се покажа дека случајот со Ива Михаилова го води бугарската служба, но кај нас тенденцијата беше јасна – вината за нејзиното бегство да се префрли на МВР и на министерот Панче Тошковски – вели генералниот директор на Македонската информативна агенција – МИА Дарко Јаневски. Тој во гостувањето на „Колегиум“ на ТВ „Алфа“ говореше за медиумските приказни,  поврзани со случајот со Ива Михаилова, односите со Бугарија и влијанието на странските служби врз новинарството.

To top