Спорт

Македонските кошаркари непријатно изненадени од Кипар среде Скопје

„Црвено-жолтите“ поразени со 85:75 во второто коло од претквалификациите за Евробаскет 2029

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија се посрамоти среде Скопје со убедливиот пораз од 85:75 (по четвртини 23:21, 20:22, 12:11 и 20:31) против Кипар во второто коло од претквалификациите за Европското првенство 2029.

Катастрофалната последна четвртина, која „црвено-жолтите“ ја загубија со 11 поени разлика и примија дури 31 кош, заедно со очајната реализација од 42,2 проценти на ударите од игра и само трите поени на Мозес Рајт за речиси 31 минута на теренот во салата „Лазар Лечиќ“ му кумуваа на непланираниот пораз.

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитриевиќ постигна 30 поени, но погоди само 38,5 отсто од ударите од игра, од кои 3/12 за два поена.

Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал сега ќе мора да ги добијат и двете преостанати средби со Австрија на 25 февруари дома и три дена подоцна со Кипар на гости, против кој ќе мора да слават со најмалку 11 поени разлика, за да продолжат во последната квалификациска фаза.

 

Најнови вести од: Спорт

To top