Свет

„Еј, Трамп, отпуштен си“ (ВИДЕО)

Изјавата на портпаролот доаѓа во моменти кога истекува 48 часовниот ултиматум што Трамп му го даде на Иран, да ја прекине војната

Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфагари, испрати порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

„Еј Трамп, отпуштен си. Ја знаеш таа реплика. Ви благодарам за вниманието“, рече Золфагари на англиски јазик.

Золфагари е портпарол на Централниот штаб на Хатам ал-Анби, заедничката воена команда на Иран задолжена за координирање на операциите меѓу Корпусот на Исламската револуционерна гарда и регуларните вооружени сили.

Изјавата на портпаролот доаѓа во моменти кога истекува 48 часовниот ултиматум што Трамп му го даде на Иран, да ја прекине војната.

Фразата на која алудираше Золфагари, „Отпуштен си“, е слоганот на американскиот претседател од времето кога беше водител на реалното на Ен-Би-Си во кое натпреварувачите се бореа за деловна можност и работа во една од компаниите на Трамп.

Трамп беше водител и заштитно лице на емисијата, а стана особено препознатлив по фразата „Отпуштен си“, која ја користеше за да ги отфрли кандидатите.

Емисијата беше многу популарна со години и многу придонесе за негова популарност и надвор од деловниот свет.

Претседателот често ја користи фразата „Ви благодарам за вниманието“ како завршни зборови во неговите објави на неговата платформа Truth Social.

Најнови вести од: Свет

Техеран се закани дека ќе го минира Персискиот Залив

Соопштението доаѓа во време на извештаи дека САД разгледуваат опции за блокирање или дури и заземање на островот Харг, главниот терминал за извоз на нафта во Иран, со цел да извршат притисок врз Техеран да го отвори Ормутскиот теснец за сите комерцијални бродови

Муцунски на средба со Марта Кос во Брисел

Муцунски во Брисел ќе биде придружуван и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој се очекува да оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер

To top