Македонија

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

Повторно хаос за здравствен преглед. Додека пациентите со месеци чекаат за прегледи и операции и сѐ почесто се жалат на недостапна здравствена услуга, дел од лекарите, според наводите на властите, прикажуваат фиктивни дежурства и стигнуваат до астрономски месечни примања. Јазот меѓу реалната слика во болниците и прикажаната на хартија отвора сериозни сомнежи за злоупотреби во системот. Министерството за здравство ќе ги испитува злоупотребите со дежурствата во здравствениот систем, откако премиерот Христијан Мицкоски алармираше дека поединци преку сомнителни практики стигнувале до месечни примања и над 10.000 евра.

Министерот за здравство Азир Алиу  потврди дека постојат сериозни отстапувања во начинот на работа и најави институционално расчистување на случаите.

  • „Имаме ситуација каде што имаме доктори што прегледуваат само еден пациент неделно, а имаме доктори што прегледуваат 100 пациенти неделно. И едниот и другиот се отстапки и не се во ред. Тоа институционално ќе го решиме“, изјави Алиу.

Според анализите на Министерството, проблемот е поширок и се однесува и на прекумерна дополнителна работа над законски дозволеното.

  • „Максимумот е 20 отсто дополнителна работа, но во седум клиники имаме случаи каде што таа достигнува и до 41 отсто“, посочи Алиу, додавајќи дека институциите веќе се детектирани и ќе следуваат постапки. Министерот откри дека има лекари чии месечни примања достигнувале и до 700.000 денари, но не откри детали, за да не се загрози постапката.
  • „Како Министерство и како Влада знаеме точно во кои институции се случуваат овие појави. Тоа ќе се решава институционално, бидејќи повлекува и административни и законски процедури“, рече Алиу. Паралелно, здравствените власти ќе го проверуваат и ангажманот на лекарите во приватниот сектор.

  • „Ќе бараме податоци од приватните здравствени установи за да видиме колку време нашите вработени таму поминуваат. Тоа е процес што оди тешко, бидејќи со многу напор доаѓаме до податоци“, изјави министерот. Дополнителен проблем, според него, е и неажурирањето на листите на чекање, иако тоа е законска обврска. „Ако влезете во системот ќе видите институции кои не ажурираат податоци. Ќе бараме дневно ажурирање и ќе воведеме казни за директорите ако тоа не се почитува“, рече Алиу.

За да се спречат злоупотреби, веќе се тестираат технички решенија за контрола на присуството на здравствениот кадар. „Во две клиники тестираме систем со фингерпринт за ‘чек ин’ и ‘чек аут’. Прво ќе го воведеме во Скопје, а потоа и во целата држава“, најави министерот. Во подготовка е и нов закон кој треба да ја зајакне контролата и координацијата во системот, вклучително и поврзување на базите на податоци.

  • „Секој здравствен работник има уникатен број. Ако истиот број се појави во исто време на две различни места – на пример на државна клиника и во приватна болница – системот веднаш ќе сигнализира“, објасни Алиу и нагласи дека целта не е казнување, туку воспоставување ред во системот.

Предлог-законите ќе бидат достапни во Националниот електронски регистар на правилници (ЕНЕР) од понеделник следната недела, каде јавноста ќе може да поднесе коментари и предлози.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Сиљановска-Давкова: Барањата од соседите кон Македонија се надвор од европските критериуми! ЕУ да ја преиспита политиката кон Западниот Балкан

Претседателката на Република Македонија д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија. Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.

10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид, првите нови авиолинии почнуваат на 29 и 30 март до Милано и Неапол

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – 6 нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и 4 нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле […]

Со 22 милиони евра се запечатува енергетската стабилност на Скопје за следните 20 години

Силна порака по повод пуштањето во употреба на новиот енергетски проект во главниот град. Оваа инвестиција од околу 22 милиони евра не е само бројка, туку стратешки чекор кој ќе овозможи Скопје непречено да се развива во наредните две децении. Со подобрувањето на напонското ниво од 110 киловолти, драстично се зголемува надежноста на мрежата.

Ѓорѓиевски: Нова зона и нови дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“ – чекор напред кон поуредено и пофункционално секојдневие во Скопје!

Денес заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Владимир Кроневски го означивме почетокот на нов, современ начин на користење на услугите, како и стартот на новата зона Д 12 во Реонскиот центар во Општина Аеродром. Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. – објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на свјот официјален фејсбук-профил.

To top