Македонија

(Фото): Владата посветена на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542 евра.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината. Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „Со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат иднината на општината и поставуваат темели за генерациите што доаѓаат“. Министерот посочи дека Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини, бидејќи силната локална самоуправа е основа за рамномерен развој на државата.

Во рамки на посетата, министерот оствари средба со градоначалникот, членовите на Советот и општинската администрација, на која се разговараше за тековните активности и секојдневните предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите за нивно надминување преку заедничка соработка и поддршка. На средбата беше истакната важноста од меѓуопштинската соработка, при што беше нагласено дека споделувањето на ресурси и заедничкото планирање претставуваат значаен инструмент, особено за помалите општини, за поефикасно справување со предизвиците и постигнување одржлив развој.

Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542 евра.

Владата преку двата јавни повика за Новаци одобри за финансирање два инфраструктурни проекти во вредност од 29.119.020 денари.

Министерството за локална самоуправа и во наредниот период ќе продолжи активно да ги поддржува општините преку конкретни мерки, проекти и експертска поддршка, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и намалување на регионалните разлики.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Народот што ги чува своите корени, јазик и култура секогаш има иднина

На свечената академија присуствуваше македонска владина делегација во која беа и вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.

Мицкоски: Новите мерки против пушењето ќе важат за сите, без исклучоци и повластени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е подготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и без повластени.

Нови финансиски детали: Колку заработува поранешниот премиер во егзил

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски, кој веќе осум години живее во Унгарија, продолжува да остварува приходи преку својата приватна консултантска компанија, покажуваат официјалните финансиски податоци објавени од унгарскиот портал „444“.

To top