Македонија

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државава, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка

Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила Водно со неговиот домашин, претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државава, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка.

-Испраќаме пораки за регионална соработка и добрососедска поддршка. Го цениме фактот дека Македонија беше меѓу првите држави што ја признаа Црна Гора и тоа стана цврст темел за развој на нашите билатерални и диплматски односи, нагласи Милатовиќ.

Шефот на црногорската држава кажа дека посебно место зазема европската перспектива на двете држави, при што Црна Гора силно го поддржува европскиот пат земјава.

-Во нас оваа држава секогаш ќе има сојузник и полна поддршка. Имаме цел да станеме 28 држава членка на ЕУ и со тоа да покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон туку и реалност, потенцира Милатовиќ.

Претседателката Сиљановска Давкова од своја страна истакна дека со нејзиниот колега потврдиле дека се извонреден пример на регионало добрососедство, добар пример на соработка и внатре во рамки на НАТО, а денешната средба уште повеќе ја зацврствува довербата.

-Она што за двајцата беше ново, е потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу младинските совети и очекувам овој меморандум да внесе свежина и креативност во нашите односи, рече Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека заедничка визија е стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, а Самитот ЕУ-Западен Балкан, како што рече таа, што ќе се одржи во Црна Гора, е доказ дека прашањето за членство на регионот не е само прашање врзано за иднината, туку прашање што треба и може да стане реалност.

-Целосната интеграција на целиот Балкан е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и што е целосна. Регионалната соработка е не само наша обврска туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, разбираме меѓусебно сами си го отежнуваме патот кон ЕУ, потенцира Сиљановска Давкова.

Таа исто така се согласи со Милатовиќ дека економската соработка мора да се зголеми, особено во секторите на градежништвото, туризмот, енергетиката, а исто така и во повторно отворање авио линија Скопје – Подгорица или Скопје – Тиват.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top