Свет

Путин: „Идиоти“ ни воведуваат санкции кои нив им штетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“ во врска со најновиот пакет санкции што ЕУ ги воведува врз Русија. „Се чини дека нема да го направат ова и она затоа што им штети. Но, тие навистина го прават тоа – идиоти. Извинете за изразот. Но, што друго можам […]

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“ во врска со најновиот пакет санкции што ЕУ ги воведува врз Русија.

„Се чини дека нема да го направат ова и она затоа што им штети. Но, тие навистина го прават тоа – идиоти.

Извинете за изразот. Но, што друго можам да кажам? Водечките светски економии паѓаат во рецесија само за да ни наштетат“, рече Путин.

Европската унија одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон нејзината „флота во сенка“ што ја заобиколува забраната за извоз на нафта, а воедно се закани со дополнителни мерки доколку Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина, пренесува АФП.

Ова е 17-ти пакет санкции на ЕУ откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година.

Пакетот беше во подготовка дури и пред европските лидери да издадат ново предупредување до Москва како дел од мировните иницијативи предводени од САД.

Дипломатите од сите 27 земји-членки на ЕУ се согласија за новите мерки на состанок во Брисел, потврди полското претседателство со Советот на ЕУ.

Најнови вести од: Свет

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа.

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

Белата куќа ќе избегне да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран

Претходно „Тајм“ објави дека демократите би можеле да го тужат американскиот претседател Доналд Трамп ако тој продолжи со воената акција против Иран по 1 мај без да добие одобрение од Конгресот

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

To top