Македонија

Крмзов во количка дојде на суд, за предметот каде е обвинет за даночна измама од 22 милиони евра

Со инвалидска количка струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов беше донесен на судењето за даночно затајување и измама, злосторничко здружување и перење пари

Со инвалидска количка струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов беше донесен на судењето за даночно затајување и измама, злосторничко здружување и перење пари. Мозокот на операцијата која незаконски исппрала десетици милиони евра по основ на нелегален поврат на данок на додаена вредност беше донесен од затворот во Шутка каде се пожалил дека му се влошила здравствената состојба. Му закажале преглед кај специјалист за утре, па затоа денеска судењето беше кратко, односно прекинато по неговор барање.

За обвинителката Со инвалидска количка струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов беше донесен на судењето за даночно затајување и измама, злосторничко здружување и перење пари. Мозокот на операцијата која незаконски исппрала десетици милиони евра по основ на нелегален поврат на данок на додаена вредност беше донесен од затворот во Шутка каде се пожалил дека му се влошила здравствената состојба. Му закажале преглед кај специјалист за утре, па затоа денеска судењето беше кратко, односно прекинато по неговор барање.

За обвинителката Верица Бержецка Крстева нема писмена промена за ефективниот притвор му биде заменет со куќен на што инститира одбраната. Крмзов не се изјасни ниту за вина за делата кои според обвинителството ги сторил во периодо од 2019 до 2024. Во криминалот му помагале внуци од неговите брат и сестра Васе Панајотов и Зуле Кармзова Василева, а во шемата биле вклучени раководители односно формални сопственици на 13 фирми, и тројца сметководители, сега обвинети.

„И по барање на обвинителството да се достави документација или вештачења по однос на неговата здравствена состојба, такви барања не беа поднесени. Така да, обвинителството ќе се произнесе кога конкретно ќе располага со сознанија дека има промена на околности и битни околоности поради кои е спречен да ја следи главната распава. Таквите обврски се меѓусебно прикривани со фиктивни фактури меѓу поврзаните правни лица, и се тоа се затвора впрочем круг на данок, со тоа што тие си ги фактурираат како влезен така и излезен данок“ рече Верица Бержецка Крстева – Обвинител од ОЈО за ГОКК.

Одбраната ќе докажува дека Крмзов и групата не направиле штета на државната каса, а бараат тој од Шутка да оди во куќен притвор.

„Истите се тие договори што сака да ги прикаже како фиктивен промет се предмет на одданочување и на данок на добивка и на персонален данок и по сите основи и приходи и расходи, значи целокупната сметководствена евиденција, секаде е прифатена и секаде се сметководствени документи само кога доаѓа моментот на промет, сакаат да докажат дека е фиктивен промет. Очигледна е, и камерите можеа да забележат во каква состојба беше донесен, неблагодарно е да ја коментираме, условите се тие“ рече Ване Андреев – Адвокат на Крмзов.

Според обвинителството, групата покажала повисок влезен ДДВ во износ од над 67 милиони евра, а од Управата за јавни приходи им бил исплатен незаконски поврат од околу околу 22 милиони евра.

Средствата потоа биле префрлани меѓу правни лица со цел прикривање на потеклото, а дел биле користени за купопродажба на имот, враќање кредити, подигање готовина и плаќање на добавувачи.Дополнително, со околу седум милиони четиристотини и триесет илјади евра биле покривани даночни долгови.

Во постапката е предложена конфискација на имот и средства, од кои дел веќе се замрзнати, додека дел од пријавите се отфрлени поради недостиг на докази, а предметите за инспекторите се препратени во Струмица.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top