Македонија

Николовски: СДС е најголемата криминална банда во историјата на Македонија! Ја опустошија и вршеа национални предавства!

„Потребна е голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ѝ ставиме конечен крај на оваа банда.“ – кажа потпретседателот на Владата на Република Македонија и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски во текот на вчерашните обраќања на митинзите во Струмичко.

„СДС е најголемата криминална банда воопшто видена во македонската историја и во македонската политика. Ја опустошија целата држава и правеа национални предавства!“ – изјави потпретседателот на Владата на Република Македонија и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски при посетата на четвртата изборна единица вчера во струмичкиот крај. Тој имаше обраќања на вчерашните митинзи во Струмичко, одржани во рамки на изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ, чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ за локалните избори на 19 октомври,

Николоски истакна дека лидерот на опозициската СДС Венко Филипче има неколку регистрирани компании во Бугарија. Притоа го повика да даде одговор пред јавноста во врска со тие компании и да ги открие деталите за нив. Затоа што, како што нагласи Николовски, јасно е дека се работи за најголемата криминална банда во политиката на државата, а тоа е бандата на СДС.

„Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува.“ – посочи Александар Николовски.

,Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе, кои што ја опустошија целата држава. За да се заштитат себе си, правеа национални предавства. Затоа ни е потребна голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда.“ – кажа вицепремиерот и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2021-2027

Заинтересираните организации се повикуваат навремено да започнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози.

Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше само 124.000 гласа – „Платформата 12:05“ е оправдана!

„Ова што се случува (во СДСМ) не е нешто непознато во политиката, после пораз на избори СДСМ на локалните избори претрпе сериозен пораз, имаше само 124 илјади гласа’’ посочи поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на гостување во МРТ.

To top