Македонија

Вработен во образовна установа во Битола осомничен за поседување и дистрибуција на детска порнографија

Се преземаат дејствија за проверка и во Скопје и во други градови низ земјата.

Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Според обвинителството, осомничениот, кој бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на компјутерска опрема во својот дом набавувал, поседувал и дистрибуирал материјали со детска порнографија.

Постапката е резултат на успешна меѓународна соработка. Предистражните дејствија започнале по известување од австралиската федерална полиција, која спровела акција за откривање на веб-страници што дистрибуирале слики и видеа со материјали од злоупотреба на деца.

Австралиските власти идентификувале повеќе корисници од Северна Македонија преку нивните ИП-адреси и електронска пошта, по што информациите ги проследиле до македонските истражни органи.

Се преземаат дејствија за проверка и во Скопје и во други градови низ земјата.

За осомничениот 31-годишен Битолчанец, Јавното обвинителство до Основниот суд во Битола доставило предлог за определување мерка притвор.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

To top