Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

ИСОС го поддржа студентскиот проект кој беше инициран поВтората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, за отпочнување на видео подкаст„Повеќе од само бројки – Сè што сте сакале да знаете за сметководствената професија“. Подкастот е воден од студенти, а во првата епизода, која се емитува денеска, гостинка е претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

„Особено задоволство ми претставува што младите и студентите се инспирираа на Втората регионална конференција која се одржа минатата година, а на која на една од панел-дискусиите учествуваа и студенти. Тие потоа пристапија до Институтот со идеја за иницирање на видео подкаст, со цел да се приближи сметководствената професија до студентите и младите. Ова е само една од активностите кои ги реализираме.Започнуваме и соработка со сите универзитети кои имаат катедри за сметководство и ревизија, како и стручните средни училишта кои имаа економски насоки. Посебно ме радува статистиката која ја добивме од катедрите за сметководство и ревизија дека се бележи зголемување на бројот на студенти на тие катедри, споредено со минатата година. Овој податок многу нè охрабрува и ни покажува дека се движиме во вистински правец, а дополнително ни дава мотивација за поддршка и иницирање на различни проекти на студентите и средношколците“, потенцира Прентоска.

ИСОС потпиша и меморандуми за соработка со средните училишта „Васил Антевски-Дрен“ и „Кочо Рацин“, со што за прв пат во активностите на Институтот се вклучуваат и средношколците кои учат на економските насоки. Меморандумите опфаќаат овозможување на практична работа, кариерно советување на средношколците и развој на заеднички проекти за унапредување на квалитетот на стручното образование.

Исто така, ИСОС потпиша Меморандум за соработка и со Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои се фокусирани на заеднички проекти за иновации и дигитализација, програми за обуки, како и практикантска работа на студентите.

Во рамки на меморандумот за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, претседателката на ИСОС Прентоска одржа и гостинско предавање на студентите од катедрата за сметководство и ревизија.

„Почестена сум што Универзитетот ме покани да одржам гостинско предавање и навистина е особено значаен интересот и ентузијазмот кај студентите за сметководствената професија. Немам сомнеж дека професијата ќе добие нови кадри кои во комбинација со учењето од искусните професионалци и вештините за технолошки развој ќе го унапредат квалитетот на професијата. Тоа, пак, директно ќе се одрази врз бизнис заедницата и државата, преку подигнување на стандардите и довербата во финансиското известување“, истакна Прентоска.

Институтот веќе има потпишано и меморандум за соработка и активно соработува со Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, како и со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН. Во наредниот период активностите поврзани со промоција и вклучување на средношколците, студентите и младите професионалци ќе продолжат, со цел натамошно зголемување на атрактивноста на сметководствената професија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top