Македонија

Сиљановска Давкова прв претседател на Македонија што се фати на оро на Галичка свадба (ВИДЕО)

,,Од народот, меѓу народот и за народот”.

Од фотографии објавени на нејзиниот Фејсбук профил се гледа дека Сиљановска Давкова денеска играла оро на Галичка свадба, што ја прави прв македонски шеф на држава кој што се фатил на оро  на оваа традиционална манифестација.

 

 

Според видеа пренесувани на социјалните мрежи и од Месната заедница Галичник претседателката за време на свадбената церемонија пред легендарната чешма ,,Упија” се фатила меѓу сватовите и изиграла неколку македонски ора.

 

 

Актерот Рубенс Муратовски кој е водител на Галичката свадба фаќањето на орото на претседателката Гордана Сиљановска Давкова го спомена во контекст на замислениот разговор меѓу Ѓорѓија Пулевски и американскиот претседател Абрахам Линколн во кој се зборува за уќуматот односно власта ,,од народот, меѓу народот и за народот”.

На крајот на церемонијата претседателката на младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски им подарила ,,Галичка пафта”.

 

Видео од орото на кое се фатила претседателката

 

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

To top