Бизнис

Инфлацијата скокна на 4,9% во пресрет на празниците

Од храната најмногу на удар е овошјето. Цените тука се зголемиле за 12, 7 отсто, кај  млекото и јајцата за над 8 проценти. Поскапување од 7 отсто се забележува и кај маслото и мастите и кај житата и житните производи . Во оваа категорија влегува лебот.

Само што почна да забавува, инфлацијата повторно висока. Статистика измери скок нa речиси 5% во март годинава, во однос на истиот месец лани. Кај цените на мало пак има зголемување од 3, 4 отсто. За евентуални мерки против скапотијата, владата ќе чека да помине Велигден. Од извештајот на статистичарите може да се види дека за една година храната и пијалаците поскапеле за 7, 5 отсто.

Храната во угостителските услуги во март годинава се повисоки за 6,7 отсто во однос на истиот период лани, а на алкохолните пијалоци за 6,9 отсто. Ноќевањата во истиот период се поевтини за 12,7 отсто. Цените на храната во угостителството во перидото јануари-март 2026 година се повисоки за 7,4 отсто, а на алкохолните пијалоци се повисоки за 8,4 отсто. Цените на ноќевањата во првиот квартал годинава се пониски за 12,6 отсто. Цените на угостителските услуги во март 2026 година се зголемени за 0,1 % во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во март 2026 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 2,4 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3,0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.4 %.

Од храната најмногу на удар е овошјето. Цените тука се зголемиле за 12, 7 отсто, кај  млекото и јајцата за над 8 проценти. Поскапување од 7 отсто се забележува и кај маслото и мастите и кај житата и житните производи. Во оваа категорија влегува лебот. Кај кафето пак има поскапување од над 25 отсто, а голем скок на цените е регистриран и кај какаото, чајот и шеќерот, но станува збор за берзански производи.

Најнови вести од: Бизнис

Азески: „Алкалоид“ 90 години расте, инвестира и извезува

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во посебен напис се осврнува на значајниот јубиле на „Алкалоид“, една од најзначајните компании во Македонија. Текстот на Азески го пренесуваме ингерално: „Деновиве едно од нашите најуспешни компании слави 90 години од своето постоење. Помина низ три држави, неколку различни системи и секогаш беше во врвот на македонската економска […]

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

To top