Македонија

Ќе добие ли Скопје нови градски автобуси?!

Од околу 130 наши автобуси што беа во функција, сега од гаражите излегуваат 180 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси. Дополнително зголемен е и бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од различни причини одбиваа да сообраќаат на дел од линиите, кажа скопскиот градоначалник.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека состојбата со јавниот превоз во Скопје ќе се нормализира откако ќе пристигнат новите 100 автобуси што ги набавува Владата, но и дополнително со реализација на проектот за брз автобуски превоз – БРТ. Одговарајќи на советничко прашање на седница во Градот Скопје, кажа дека состојбата со јавниот превоз е подобрена, како и дека во моментот на линиите сообраќаат 180 автобуси.

  • „За брзо мислам дека таа голгота со јавниот превоз ќе заврши конечно. Од околу 130 наши автобуси што беа во функција, сега од гаражите излегуваат 180 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси. Дополнително зголемен е и бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од различни причини одбиваа да сообраќаат на дел од линиите“, рече тој.

Според него, состојбата во јавниот превоз не е идеална, но го даваат максимумот и смета дека таа е подобрена во однос на претходно.

  • „Дали е идеална или таква каква што сакаме да биде? Далеку е од тоа. Не е. Но, тоа ќе го решиме, како што споменав, при завршување на целиот процес за набавката на автобусите, од една страна, и дополнително БРТ, знаете дека е еден од проектите на кои работиме со силен интензитет“, кажа Ѓорѓиевски.

Рокот до кој фирмите можеа да аплицираат на тендерот за набавка на нови еко автобуси заврши, но од Министерството за транспорт не соопштуваат колку понуди биле доставени и дали се од домашни или меѓународни компании.

  • „Откако ќе се прегледаат сите пристигнати понуди, ќе ја информираме јавноста за понатамошните чекори“, одговорија од Министерството за транспорт.

Ова е втор обид Градот да добие нов јавен превоз. Според условите наведени во тендерот, еко автобусите треба да се во бела или црвена боја и да можат да примаат најмалку 66 патници.  Проценките се дека ќе чинат околу 50 милиони евра,  кои ќе се отплаќаат од буџетот.

Во домашниот буџет за оваа намена за годинава се предвидени околу 5 милиони евра. Тендерот опфаќа и набавка на полначи за автобусите. Претходниот тендер пропадна откако на повикот се пријави само една компанија која не ги исполнувала условите.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top