Донесуваме дел од покарактеристичните искажувања на Фаризи од ова интервју.
Како ги оценувате протестите на студентите Албанци правосудниот испит да го полагаат на Албански јазик. Дали ова барање е јазичко или политичко?
Фаризи: ДУИ се обидуваат преку студентите да видат колку младината се подржувачи на таа политичка структура, имајќи предвид дека во последниот период ДУИ ги губи младите, бидејќи младите повеќе гледаат како да одат во дијаспората отколку да работат тука. Што беше протестот? Протестот го водеа студентите, а позади беа нивните професори, кои се вработиле под капата на ДУИ. Одредени професори, кои стоеја позади студентите, а имаше и инциденти таму, или се во врвот на партија, или се пратеници во Собранието. Тој протестот беше една мешавина меѓу младината на ДУИ, професорите и функционерите на ДУИ. Тоа беше протест на младината на ДУИ.
Каква врска имаа американските знамиња на протестот?
Фаризи: Тие протестираа пред Министерството за правда, бараат право од Македонија, а македонското знаме го нема никаде. Тоа покажува колку длабоко е вмешан фолклоризмот на политичките партии и колку сакаат да профитираат политички од овој протест. ДУИ не може да функционира во правна држава. Тие функционират во илегала, бидеќи оттаму се дојдени и само на тој начин можат да функционират. Во Министерството за правда, од кога е донесен за првпат Закон на употреба на јазиците, никогаш ниту еден министер за правда не направи правосудниот испит да биде на албански јазик. Прво треба да се одржи еден протест пред седиштето на ДУИ а потоа пред Министерството за правда. Би било логично да се протестира кај тие што го создале проблемот. Ова е класичен политички чин на ДУИ.
Како се справува Владата со кризата, предизвикана од војната во Блискиот Исток?
Фаризи: Светот има големи кризи но ако ги гледаме во Собрание како делуваат партиите од опозицијата за намалување на акцијата ќе помислиш дека Христијан Мицкоски има бунари во дворот на Владата, и копаме нафта. Цел свет е загрозен од цените на нафта, така што добро што владата делуваа според своите политики и мудро се однесува по ова прашање.
Целото интервју тука