Свет

Франција ќе троши по 64 милијарди евра годишно за одбрана

Двојно повеќе од 32-те милијарди евра што земјата ги издвои за одбрана кога тој стана претседател во 2017 година

Францускиот претседател Емануел Макрон ги изложи плановите за зголемување на трошоците за одбрана во Франција, предупредувајќи дека Европа се соочува со „поголема закана“ од кога било досега од крајот на Втората светска војна, пренесе Еуроњуз.

Тој вчера најави дополнителни 6,5 милијарди евра воени трошоци во текот на следните две години.

Со тоа, Франција планира да троши 64 милијарди евра годишно за одбрана до 2027 година.

Таа сума е двојно поголема од 32-те милијарди евра што земјата ги издвои за одбрана кога тој стана претседател во 2017 година.

„Од 1945 година, слободата никогаш не била толку загрозена и толку сериозно“, рече Макрон во традиционалниот претседателски говор пред армијата пред националниот празник Денот на Бастилја.

„Никогаш порано мирот на нашиот континент не зависел толку многу од одлуките што ги донесуваме денес“, рече Макрон.

„Сега ние, Европејците, мора да ја гарантираме сопствената безбедност“, предупреди Макрон.

Тој додаде дека во свет без правила, „преовладува законот на посилниот“.

Од војната во Украина до Блискиот Исток, Европа се соочува со невидени закани и дека мирот зависи од одлуките донесени сега, рече Макрон.

„Уште еднаш сме во годините кога се создава историја“, рече претседателот.

Најнови вести од: Свет

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

To top