Македонија

Соработник на Орбан предупредува на ескалација по утрешните избори

Предходно Белата Куќа даде поддршка за Орбан а ЕУ разгледува сценарија за постизборната ситуација

Еден од најблиските соработници на унгараскиот премиер Виктор Орбан, Золтан Ковач предупредува на ескалација по утрешните избори во Унгарија.

Ковач анализира дека лидерот на опозицијата Петер Маѓар поставил изборен штаб блиску до премиерскиот кабинет за да може да предизвика екслација на состојбата кога ќе се дознаат резултатите.

,,Локацијата е важна – а ова зборува многу.

Настанот на Петер Маѓар во текот на изборната ноќ ќе се одржи во Батијани тер, веднаш спроти Парламентот – и на неколку минути од резиденцијата на премиерот.

Кратка прошетка е сè што е потребно за да се префрли толпата од „гледање резултати“ во „преземање акција“.

Доколку исходот стане неповолен, поставеноста овозможува брза мобилизација на политички чувствителна локација.

Во напнат момент, близината може да ја претвори реакцијата во ескалација”, предупредува Ковач.

Предходно Белата Куќа даде поддршка за Орбан а ЕУ разгледува сценарија за постизборната ситуација.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

To top