Свет

Трамп го изгуби облогот: Пропаднаа американско-иранските преговори

Се обложи дека Иран ќе се предомисли откако се соочи со огромна демонстрација на американската воена моќ, за време на која, според Пентагон, беа погодени повеќе од 13.000 цели

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека неговиот преговарачки тим го напушта Пакистан откако по 21 часовните преговори со иранската страна, не успеаја да постигнат договор.

Венс изјави дека американските преговарачи се враќаат дома бидејќи Иран не се согласил со условите на САД, вклучително и обврската да не развива нуклеарно оружје.

Неуспехот на потпретседателот Џ. Д. Венс да извлече отстапки од Иран за време на маратонските нуклеарни разговори не е изненадување, но покренува прашања за тоа што да се прави следно.

Администрацијата на Трамп сега се соочува со две незгодни опции: тешки преговори со Техеран за иднината на неговата нуклеарна програма или продолжување на војната што веќе предизвика најголемо нарушување на енергетските пазари во модерното време и ја зголеми можноста за долга борба за контрола на Ормутскиот теснец.

Официјални лица од Белата куќа изјавија дека следниот потег на администрацијата ќе му го препуштат на претседателот Трамп…

Сепак, секој од овие патишта носи значителни стратешки и политички ризици, објавува „Њујорк тајмс“.

Венс молчеше за деталите од повеќе од 21 часовните разговори, алудирајќи дека им дал на Иранците понуда „земи или остави“ за трајно прекинување на нивната нуклеарна програма, која тие ја отфрлија.

„Јасно ставивме до знаење кои се нашите црвени линии и како сме подготвени да ги исполниме“, им рече Венс на новинарите. „Тие одлучија да не ги прифатат нашите услови“, додаде тој.

Во овој поглед, овие преговори не се чини дека се многу различни од застојот во Женева кон крајот на февруари, по што Трамп нареди 38-дневна кампања на ракетни и воздушни напади низ Иран. Целите беа ракетни депоа на Иран, воени бази и индустриски капацитети за производство на ново оружје.

Трамп, како што самиот рече неколку пати минатиот месец, се обложи дека Иран ќе се предомисли откако се соочи со огромна демонстрација на американската воена моќ, за време на која, според Пентагон, беа погодени повеќе од 13.000 цели.

Иранците, од друга страна, беа решени да покажат дека никаква количина американско оружје нема да ги принуди да се предадат.

„Тешката загуба на нашите ценети старешини, најблиски и сонародници ја направи нашата решеност да се бориме за интересите и правата на иранската нација посилна од кога било“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи додека Венс, засега со празни раце, се упати кон воениот аеродром за да се врати дома.

Најнови вести од: Свет

Скапата нафта ќе ги приземји авионите!?

Европската аеродромска индустрија предупреди дека недостигот на гориво за авиони би можел да ја погоди европската економија во рок од три недели, нарушувајќи ги летните патувања и „значително“ предузвикувајќи штети на економијата

Турција бара 1.000 години казна затвор за Нетанјаху

Турција ги обвинува израелските власти за злосторства против човештвото, геноцид, лишување од слобода, суров третман на членови на хуманитарната флотила „Сумуд“, оштетување на имот, грабеж и запленување на возила

To top