Македонија

Ангеловски: Тие кои се обвинети дека градат бесправно, се истите поранешни членови на ДУИ

Фирмите на ДУИ влегуваа во буџетот на оваа држава како да си влегуваат дома во сопственото чекмеџе и оттаму си вадеа средства колку што им беа потребни и создаваа монструми фирми

 

„Тие истите луѓе кои сега се обвинети и кои градат бесправно, се поранешни членови на ДУИ и градбите ги започнале во времето кога биле во ДУИ и кога ДУИ 20 години била неприкосновена власт во оваа држава“, изјави политичарот и аналитичар Страшо Ангеловски во неодамнешното ТВ гостување во Само вистина.

И денес се случува судир токму на тие кои останаа во ДУИ и на тие кои излегоа од ДУИ. И тука е целата битка. Луѓето мора да сфатат дека во оваа држава – ние тоа зло, таа дуизација ја живеевме во оние седум години кога СДСМ беше слуга на ДУИ на централно ниво.

И тогаш фирмите на ДУИ влегуваа во буџетот на оваа држава како да си влегуваат дома во сопственото чекмеџе и оттаму си вадеа средства колку што им беа потребни и создаваа монструми фирми кои денес економски треба да ја владеат Република Македонија“, рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Антонио Кошта доаѓа во посета на Скопје, ќе се разговара за повеќе теми, но и за спорот со Бугарија

Македонската влада утре ќе го пречека Антонио Кошта со отворениот спор со Бугарија. Првиот човек на МНР Тимчо Муцунски – вели дека претседателот на Европскиот совет имал повеќе обиди за постигнување на решение. Во таа насока ќе продолжи и утрешната средба со Кошта.

Неофицијално: Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат значителни отстапувања во составот во споредба со она што е декларирано на пакувањата, покажуваат неофицијални резултати од лабораториски анализи.

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top