Македонија Хроника

Семејството на Фросина бара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка за судијката

Група граѓани и семејството на Фросина Кулакова денеска излегоа на протест пред судот во Скопје и побараа посилна правда за трагичната смрт на младата девојка. Тие, незадоволни од пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје, според која Васил Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајната несреќа во која Кулакова го загуби животот, побараа смена […]

Група граѓани и семејството на Фросина Кулакова денеска излегоа на протест пред судот во Скопје и побараа посилна правда за трагичната смрт на младата девојка. Тие, незадоволни од пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје, според која Васил Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајната несреќа во која Кулакова го загуби животот, побараа смена на судијката.

Тодор Кулаков, таткото на Фросина, изрази сериозно сомневање дека целта е да се намали казната на Јованов, кој со своето возење предизвика смрт на неговата ќерка. Тој обвини дека правосудниот систем произведува неправди што ги погодува родителите и блиските на сите настрадани и побара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка против судијката Снежана Марковска.

„Ова не е правдата што ја заслужуваме. Ќе бараме одговорност од сите кои учествуваат во оваа нова судска афера“, рече Тодор, нагласувајќи дека сомневањето за вмешаност на Врховниот суд во повторното разгледување на предметот за дилерство со дрога, поврзан со Јованов, ја зголемува нивната загриженост.Протестот почна пред Универзалната сала, на местото каде што Фросина беше прегазена на пешачки премин, а заврши пред Основниот суд.

Вчера Јованов, по признавањето на вината, беше осуден на 12 години затвор.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top