Македонија

Од политички азил до можно враќање: Дали Груевски може да биде вратен?

По најавите на Маѓар, Никола Груевски досега не се огласи на социјалните мрежи, иако вообичаено брзо реагира на вакви теми.

facebook.com/NGruevski

По изјавата на новиот унгарски премиер Петер Маѓар дека Унгарија „нема да чува криминалци“ и дека лицата кои сториле кривични дела ќе бидат враќани во земјите од каде потекнуваат, повторно се отвори прашањето за статусот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој веќе осум години живее во Будимпешта со добиен политички азил.

Маѓаровата најавa директно го става Груевски во фокус, но правната реалност е значително посложена од политичките изјави.

Азилот што му беше доделен на Груевски во 2018 година се темели на проценка дека е жртва на политички прогон и дека неговиот живот и слобода би биле загрозени доколку се врати во Македонија. Според унгарското и меѓународното право, ваков статус може да се укине само ако престанат причините врз кои бил доделен – односно ако веќе не постои ризик од политички прогон или загрозување на безбедноста.

Азилот може да се одземе и ако лицето изврши сериозно кривично дело или претставува закана за националната безбедност на Унгарија. Сепак, тоа не е автоматска постапка, туку сложена правна процедура која се води пред миграциските органи. Лицето има право на одбрана, а одлуката може да се обжали пред суд.

Дури и во случај на укинување на азилот, депортацијата не може да се изврши ако постои реален ризик од неправедно судење, политички прогон или тортура во земјата на потекло. Засега не е познато дали македонските власти поднеле ново барање за екстрадиција, откако претходното беше одбиено пред шест години.

Иако изјавата на Петер Маѓар отвора нов политички моментум, конечната одлука за судбината на Груевски ќе зависи од долга и комплексна правна постапка, а не од една политичка изјава.

Низ годините повеќепати се шпекулираше за можно враќање на Груевски, но тоа никогаш не се случи. Последен голем интерес предизвика измената на Кривичниот законик, со која застареа дел од предметите против него. Дополнителен притисок претставува и тоа што од 2022 година Груевски се наоѓа на американската „црна листа“ поради наводна вмешаност во значителна корупција. И покрај тоа, тој продолжи да живее и работи во Унгарија, каде има и регистрирано фирма.

По најавите на Маѓар, Никола Груевски досега не се огласи на социјалните мрежи, иако вообичаено брзо реагира на вакви теми.

Најнови вести од: Македонија

Во демиркаписко Прждево со традиционален обичај испратен Велигден

– Се фаќаат мажи на оро во круг, а на нивните рамена се качуваат други. На тој начин мештани, или иселеници од овој крај, ја прават кулата. Се вртат така во круг три пати и се пеат стари песни од минатото на луѓето кои живееле на овие простори. Сето тоа се случува сред село, во присуство на голем број жители на селото, иселеници, гости од различни краеви

Самсунг (“Samsung”) го претставува 14-метарскиот Onyx Cinema LED екран на CinemaCon 2026

Најновиот модел ги нуди истите клучни перформанси и сигурност како и 5-метарската и 10-метарската верзија, сега оптимизиран за поголеми премиум кина.
Со дизајн што може да се скалира, водечка сигурност во индустријата и растечка глобална примена, “Samsung“ го проширува своето водство во премиум кино LED технологијата

Во Скопје комеморативен ден за шесте милиони Евреи убиени во холокаустот – Јом Хашоа

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска го одбележаa Јом Хашоа – комеморативен ден на холокаустот, во знак на сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година, кој е и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот

(Фото): Ацо Ристов и официјално стапи на чело на Регулаторната комисија за енергетика

Новоизбраниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија, Ацо Ристов, стапи на функцијата од Лирим Сулејмани, заменик-претседател на Комисијата.

To top