Регион

Конгресмен близок на Трамп удри по Еди Рама

Конгресмен од Тексас ја поддржа албанската опозиција: Протестите се кулминација на недовербата во корумпираните политичари

Тексашкиот конгресмен Кит Селф републиканец близок на претседателот Трамп и член на Конгресот на САД, преку социјалната мрежа X ја коментираше ситуацијата во Албанија и ги поддржа протестите против премиерот Еди Рама.

„Протестите во Албанија се кулминација на народната недоверба во корумпираните политичари и заморот од целосното игнорирање на владеењето на правото. Албанските лидери треба да ги слушнат повиците за суштински промени што ќе донесат економски можности и ќе ја поттикнат регионалната стабилност“, напиша Селф во објава од 17 октомври.

Со оваа изјава американскиот конгресмен се приклучува на критиките кон владата во Тирана, која со месеци се соочува со континуирани протести. Демонстрантите бараат поголема одговорност, борба против корупцијата и почитување на владеењето на правото.

Објавата на Селф, кој е член на Републиканската партија, брзо привлече внимание и реакции од албанската дијаспора и опозициски гласови, кои ја поздравија неговата поддршка.

Вчера Рама доби критика и од својата сопартијка Спиропали која се смета за негова можна наследничка.

Еди Рама доби нож во грб, дали Албанија доби најава за нов кандидат за премиер

Најнови вести од: Регион

Еди Рама доби нож во грб, дали Албанија доби најава за нов кандидат за премиер

Екс спикерката на Парламентот, шефица на дипломатијата до лани и пратеничка од партијата на премиерот, Елиса Спиропали во отворено писмо до Еди Рама: „Тирана е во пламен – дај политички решенија, не само полициски“

To top