Македонија

Николоски: Пробиен половина од автопатот Прилеп-Битола

Досега се пробиени 22 километри од вкупно предвидените 40 километри, што претставува околу 55 проценти од трасата

Изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива со засилена динамика и според предвидениот план, при што се надминуваат сите тековни предизвици на терен, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при увид на градежните активности заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Министерот на Фејсбук објави дека се очекува автопатската делница да биде завршена на почетокот од 2028 година.

„Се работи со силен интензитет на терен, со добра координација меѓу институциите и изведувачот. Овој проект е од исклучително значење за целиот регион“,  сподели Николоски.

Според официјалните податоци, досега се пробиени 22 километри од вкупно предвидените 40 километри, што претставува околу 55 проценти од трасата. Паралелно со земјените работи, активно се градат и придружни инфраструктурни објекти, меѓу кои два моста, два потпатника, еден натпатник и една клучка.

На терен во моментов се ангажирани повеќе од 75 машини и градежна механизација. Во однос на процесот на експропријација, од вкупно 1.263 предмети, решени се 1.204, додека 59 се во тек, што, според надлежните, укажува на забрзана реализација на оваа фаза.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top