Македонија

Героски: Време е државниот обвинител да му каже на Филипче да се скурдепса со својата недозволива највалкана пропаганда и напади врз ТВ Алфа!

„Обвинителот нека го послужи со кафе, нека го праша кои се намерите на Венковиот глас што допира до органите на прогонот, нека му објасни на лидерот кои одредби од нашето кривично законодавство не дозволуваат вакво поведение и ваков третман на седмата сила и нека го предупреди на последиците во иднина. Им упатувам јавна поддршка на медиумските работници од Телевизија Алфа, а посебно на младиот колега Матеја Петровски, кој мораше да ги прими и да ги пренесе непристојните и заканувачки зборови на Венко Филипче, искажани на последната прес-конференција на СДСМ.“  – реагира жестоко Бранко Героски, уредникот во Плусинфо, во својата колумна со наслов „Време е државниот јавен обвинител на Венко Филипче да му каже да се скурдепса“.

Натаму Героски во колумната истакнува: Многу добро знам како е да си цел на голема политичка партија и на нејзината пропагандна машинерија. Сум го искусил тоа повеќе пати во мојата новинарска кариера. Не е пријатно, дури и кога човек тоа ќе го доживее на возраст кога е свесен дека влијанието во јавноста и новинарската слава имаат своја цена. Висока цена, која мора беспоговорно да се плати. Последно такво непријатно искуство пред неколку месеци имав имено со Венко Филипче и со неговиот штаб за комуникации со јавноста. Влегов во таа битка со бруталните атаци на камарилата на СДСМ и ја добив, иако никогаш не посакував од другата страна на нишанот да ми биде токму докторот Филипче. За кого сè уште можеби негувам презумција на пристојност и надеж дека во последен момент ќе одлучи да се скурдепса. Иако, за жал …

Поради причини кои сè уште не ми се јасни – за разлика од неговите претходници во СДСМ, но и за разлика од некои други политички лидери кои во минатото оркестрирале напади и кампањи врз новинари и врз медиуми, користејќи главно услуги на „подизведувачи“ на валканите работи – Венко Филипче лично ги води тие напади.  Ама најлично што може. И се чини дека ужива во тоа. Ужива да се умаца во алето на највалканата пропаганда. Тоа може да се забележи и од неговите гестикулации и од тоа како ја менува бојата на тонот, како инфантилно ја оддава својата чудна злоба.

Како и да е, мислам дека е разумен и конструктивен предлогот на Македонската асоцијација на новинари, што ќе го поддржам во малку видоизменета форма – државниот јавен обвинител да си го повика Венкота Филипче на еден пријателски службен разговор. Нека го послужи со кафе, нека го праша кои се намерите на Венковиот глас што допира до органите на прогонот, нека му објасни на лидерот кои одредби од нашето кривично законодавство не дозволуваат вакво поведение и ваков третман на седмата сила и нека го предупреди на последиците во иднина. Накусо, нека му објасни шчо напраил и шчо треба да напраи за однапред …

И нека се заврши на тој муабет. Ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Луѓе сме, ќе ја разбереме еуфоријата на еден октроиран политички лидер кој никако не може самиот да победи на избори, па кутриот се радува на победата на Петер Маѓар во Унгарија, додека неговата партиска аналитика нема елементарни информации за значењето и за дострелите на таа политичка промена во Будимпешта. Нема да му се налутиме многу, но не можеме да ги прифатиме ваквите груби цензорски таргетирања и атаци врз медиуми и врз новинари, тие никулци на еден автократски дух и на диктаторски манир на човек кој уште не стасал вистински да „помириса“ власт.

Македонија е млада, но веќе консолидирана демократија. Ваквите испади нема да поминат. Па макар утре Филипче „победил“ во Србија, во Русија, во Америка и Енглеска, биќе земља пролетерска … Вака овде дома не може да победи ни на избори за претседател на куќен совет. Јасно ли е ова, другарчиња од Бихаќка? – завршува Бранко Героски во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top