Македонија

„Македонскиот етимолошки речник“ на Гоце Цветановски – непобитен доказ за посебноста на македонскиот јазик и придонес кон јакнењето на националната македонска самосвест!

„Македонскиот етимолошки речник“ е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови, поставени во поширок словенски и индоевропски контекст. Речникот придонесува да се зајакне научната и културната самосвест и претставува достоен претставувач за меѓународна афирмација на македонскиот јазик како самостоен словенски јазик со сопствена историска и етимолошка традиција. Со тоа Речникот се вградува во темелите на македонското културно и научно наследство и претставува дело со трајна вредност.

– Авторот проф. д-р Гоце Цветановски, со помош на издржана методологија и научни аргументи го претставува историскиот развој на македонскиот јазик преку научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови во словенски и во индоевропски контекст. Особено важно и впечатливо е толкувањето на македонските зборови што првпат и единствено тука можеме да ги најдеме. Преку Речникот се отсликуваат националната и културолошката дефинираност на македонскиот народ – кажа директорката на Институтот за македонски јазик, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, на вчерашната промоција на капиталното дело „Македонски етимолошки речник“


– Етимолошкиот речник не е само збир на зборови и нивните значења туку и сложено научно дело што ги следи историскиот развој на јазикот, неговите слоеви, влијанијата и културните врски. Преку него, зборовите го откриваат своето потекло, но и патот што го минувале низ времето, како дел од широкиот јазичен и културен идентитет – кажа проректорката на УКИМ, проф. д-р Соња Топузовска, во своето обраќање на промоцијата на првиот том на капиталното дело „Македонски етимолошки речник“ (А – Ж) од проф. д-р Гоце Цветановски, што се одржа вчера. Таа додаде дека ова дело не е само лексикографски збир туку и длабок приказ на идентитетскиот код на јазикот.



Изданието, кое доаѓа од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, претставува историски исчекор за македонската лингвистика, пополнувајќи ја повеќедецениската празнина во словенската етимолошка наука. Директорката на Институтот за македонски јазик, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, пак, нагласи дека со овој труд македонскиот народ официјално се вбројува во семејството словенски народи што поседуваат сопствен етимолошки речник.

Според претставувачите, овој Речник е непобитен доказ за посебноста на македонскиот јазик и за неговиот углед во светската славистика. Проектот отвора нови перспективи за младите истражувачи и за натамошен развој на македонската етимолошка мисла.  Речникот беше официјално промовиран од дописниот член на МАНУ, Веселинка Лаброска.


Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

По совет на Лаен Мицкоски побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната седмица во Софија

Премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, одговарајќи на новинарско прашање како таа го прифатила неговиот предлог ЕУ да се вклучи во разговорите на Македонија со Бугарија, рече дека го советувала како прв чекор да се побара официјална билатерална средба за време на посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Софија следната седмица.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти ова наидува на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

To top