Регион

Косово испраќа војници за гарантирање на мирот во Газа

Парламентот во Приштина едногласно реши да се учествува во меѓународните стабилизациски сили во Појасот

Косовскиот парламент одобри испраќање војници во Газа, кои ќе им се приклучат на меѓународните стабилизациски сили. Одлуката е донесена едногласно.

Министерот за одбрана Ејуп Маќедонци изјави дека испраќањето косовски војници во вакви операции гради доверба кај меѓународните сојузници на Косово.

Меѓународните стабилизациски сили беа формирани во ноември со мандат од Обединетите нации и со цел осигурување безбедност и надгледување на договорот за прекин на огнот во Газа и на спроведувањето на мировниот план на претседателот Доналд Трамп.

Под команда на американскиот генерал Џаспер Џеферс, силите ќе соработуваат со Израел и со Египет за „демилитаризација“ на Појасот Газа и за обука на палестинските полициски сили.

Најнови вести од: Регион

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

To top