Македонија

Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар во Маџир Маало доби нов лик! Инвестираме во спортот, во здрави млади генерации, во иднината!

Кејот на Вардар кај Маџир Маало, во Скопје, доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните. Денеска официјално беа пуштени во употреба реконструираните спортски терени, при што се обновени игралиштата за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и заштитна ограда. Проектот претставува дел од пошироката стратегија за уредување и оживување на кејот на Вардар, заради создавање функционален и модерен јавен простор достапен за сите генерации.

Во овој контекст градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денес објави на својот официјален фејсбук-профил: Кејот на Вардар во Маџир Маало доби нов лик!

Денес заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштивме во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, место кое повторно се враќа на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и дружење.

Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети. Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење и уредување, со цел реката повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана вредност. Денес, овој дел од градот добива нова димензија – функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации.

Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда. Инвестирањето во спортот значи инвестирање во иднината, во здрави млади генерации, во дисциплина, дух на победа и во силно општество.

Искрена благодарност до министерот Борко Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап. Ваквата соработка носи конкретни резултати и создава проекти со вистинска вредност за граѓаните.
Преку рамномерен развој во сите општини создаваме еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее, порача градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски преку општествената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

Скандалозно писание на Буџови: „Илинденското“ востание ги штитеше бугарските интереси и беше во спротивност со проектот за создавање обединета Албанија?!

„Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси. Тоа беше во спротивност со интересите на албанското национално движење и барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата од Пеќ’ за создавање обединета Албанија.“ – ова го наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови во неговото противмакедонско писание во вид на некаква колумна. Toa беше објавено „пригодно“ нималку случајно токму вчера, на 2 август, на денот кога македонскиот народ го слави Илинденското востание, еден од најголемите државотворни празници во својата национална и политичка историја. Овие скандалозни наводи на Буџови се не само негов обид да се понижат македонскиот народ и македонската револуционерна борба за слобода, туку и намера да се прикажат како бугарски македонската историја и Илинденското востание – ставови на иста линија како и ставовите на официјална Софија.

„Газдарицата“ на „Камените кукли“ С.Д. (41) од Кратово физички нападнала вчера повеќе посетители на јавната археолошка месност!

Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица, кои биле посетители.

Муцунски: Работиме на трајно решение за деблокада на евроинтеграциите, но не по секоја цена!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во интервју за Македонската информативна агенција – МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира европскиот пат на Македонија, но не откривајќи повеќе детали.

To top