Натаму Вреди наведува: „Во тоа време, Законот за употреба на јазиците веќе беше во сила, но Талат Џафери како претседател на Собранието не побара усогласување на Законот за правосудниот испит со одредбите за албанскиот јазик. Тој го прогласи законот за прифатлив, исклучувајќи го албанскиот јазик од испитот. Уште поразочарувачки е фактот што овој закон беше изгласан со Бадентер, односно и со гласовите на пратениците Албанци од тој состав, кои имаа национална обврска да бараат испитот да се полага и на албански јазик. Тие го изгласаа законот, оставајќи денес стотици албански студенти да ги трпат последиците од една двојна неправда.“
„Денес тие леат ‘крокодилски солзи’ и излегуваат во одбрана, но документите зборуваат јасно: овој проблем го носи печатот на Талат Џафери и нивната политика. Вреди ќе биде силата, што ќе обезбеди овој испит да се полага на албански јазик. Затоа што нашиот јазик не е јазик на маргината, туку јазик на достоинството и правдата.“ – изнесува коалицијата Вреди во своето соопштение.