Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Катастрофа се случува во СДС, а Филипче слави победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, во очајна потрага по добра вест!

„На последните парламентарни избори во 2024 година, СДС освои 18 пратеници што е најнизок резултат во историјата на таа партија. На локалните избори минатата година СДС се сведе на 130 илјади гласови. Ако трендот продолжи со иста силина, следните избори може да ја донесат бројката под 100 илјади.  Катастрофата веќе се случува кај СДС. А Филипче слави.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму владејачката македонска партија наведува: Лидерот на СДС одлучи да прослави победа на политичка партија на избори во друга земја како дa е негова лична победа. Партијата која победи таму е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ. Она што Филипче избра да не го спомене е дека сестринската партија на СДС на истите тие избори доживеа дебакл.

Дали има некој во СДС капацитет да го сфати сериозно падот на довербата во партијата? Постои реален свет, и наспроти тоа постои Филипче како Алиса во земјата на чудата. Не е ова прв пат да не се во контакт со реалноста: Филипче веќе имаше слична изведба по локалните избори во земјава минатата година, катастрофален пораз прикажан со речник на некоj кој штотуку победил.

Оттука, јавноста има право да знае: колку ќе трае  епизодата на СДС и колку долго ќе ја одржуваат оваа конструкција целосно спротивна на реалноста? До кога СДС ќе продолжи да се однесува како да не ја разбира сопствената политичка позиција и кога конечно планира да ја прифати реалноста дека е опозиција во Македонија?

Наместо СДС да се насочат кон темите дома и да ги размислат причините за нивните резултати, тие слават туѓи изборни процеси кои немаат никаква врска со нив. Немаат намера да дадат одговори на клучни прашања, немаат намера за самокорекција, а очигледно немаат намера ни да се консолидираат, посочув ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница, Хусеини на ВРЕДИ

Владините коалиционери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ истакнаа одделни кандидати за градоначалник на Општина Брвеница за претстојните вонредни избори по смртта на Јовица Илиевски од најголемата партија во владејачката коалиција. Стојанчо Радичевски ќе „трча“ за ВМРО-ДПМНЕ како изгласан со акламација од Извршниот комитет на партијата, а Јакуп Хусеини за ВРЕДИ. Радичевски е претседател на Општинскиот комитет на […]

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

To top