Македонија

„Скопје 1.мк“: Корумпираниот врховен судија Наќе Георгиев, суден за мито од 10 илјади евра, веќе доби условен отпуст и летово ќе биде на слобода!

„Скратена е казната затвор на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито, откако Апелациониот суд Скопје му го уважил барањето за условен отпуст и ја преиначил одлуката на Кривичниот суд, со што стана и правосилна. Според потврдената одлука, Георгиев нема да остане во затвор до мај 2027 година, туку ќе излезе веќе летово, што значи дека вкупно ќе одлежи околу две години и два месеци.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“ во својата статија со наслов „ Корумпираниот судија од Врховен ‘ќари’ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода“.

Натаму порталот пишува: Претходно, Кривичниот суд му ја намалил казната за тој да излезе од затвор во септември годинава, но тоа не било доволно за Георгиев, кој поднел жалба до Апелација. Таму, неговите поранешни колеги судии дополнително му ја скратиле казната за уште два месеци. Во жалбата Георгиев навел дека се однесувал примерно во затвор, ги почитувал правилата, но и дека има 63 години и нарушена здравствена состојба. Овие аргументи биле прифатени од судот.

Дополнително, дел од казната Георгиев веќе ја издржувал во олеснет режим. Од мај минатата година беше ангажиран како магационер, при што излегуваше од затвор во текот на денот, а се враќал навечер, практично само преспивајќи во ќелија. Истовремено, користел и викенд-отсуства.

Инаку, Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во предметот за примање мито од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев. Со спогодбата прифати казна затвор од три години, како и забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во траење од три години.

Тој беше фатен додека земаше мито од 10.000 евра, објави „Скопје 1.мк“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

To top