Македонија

Прва награда за најиновативниот еко тим на „Коменски“

Општина Карпош

Меѓу бројната конкуренција, тимот на ООУ „Јан Амос Коменски“ денеска постигна огромен успех освојувајќи ја првата награда во категоријата за Најиновативно еко решение, во рамки на еднодневниот настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, кој го организираше Агенцијата за иновации научно- технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

Станува збор за креативен и едукативен ден кој е наменет за учениците од основните училишта во Скопје, а настанот се одржа во просториите на Младинскиот културен центар, по повод денот на креативноста и иновативноста 21 април. Овој значаен успех е резултат на посветената работа на тимот „Go Green“, составен од учениците: Михаил Јачовски, Аника Манасијевска, Максим Ампов, Лара Нелковска, Мартин Ивановски кои преку креативен пристап и иновативни идеи дадоа пример за тоа како младите можат активно да придонесат кон заштита на животната средина.

Исто така, тимот составен од учениците: Михаил Лазаревски, Лука Ристески, Нора Кус-Иванова, Марина Талевска и Нина Ќуркчиева се истакна со одлична работа, креативност и тимска соработка и покажа високо ниво на знаење и посветеност во текот на целиот настан.

Ментор на тимовите е Татјана Ѓеоргиевска, чија поддршка и насоки беа клучни во реализацијата на ова достигнување. Поддршка даде и Соња Казакова, педагог на училиштето, која активно даде придонес во текот на целиот настан Покрај стимулирање на компететивниот дух, со овој настан младите скопјани се поттикнуваат да размислуваат иновативно и да развиваат одржливи (зелени) решенија за реалните проблеми од својата околина, преку практична тимска работа и претприемачки пристап.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Бугарија со дипломатска нота за семејството на Мицкоски – неприфатлив преседан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради објавувањето на дипломатска нота од Бугарија за престојот на сопругата и малолетниот син на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово.

Конгресот врши притисок врз Трамп: Резолуција за спречување на продолжена војна со Иран

Најголемото значење на гласањето е што за првпат значителен број републиканци јавно се спротивставија на продолжување на конфликтот, што е сигнал дека дури и во неговата партија претседателот Трамп нема неограничена поддршка за натамошна ескалација со Иран.

To top