Македонија

Ќе се најде ли јунак да ги избрка таксистите ,,дивјаци” пред ,,Ист Гејт” (ВИДЕО)

Сообраќајната полиција може да ги реши за 2 минути а проблемот трае со години

Една од најкритичните сообраќајни точки во главниот град е на влезот на трговскиот центар ,,Ист Гејт” каде секојдневно спротивно на сообраќајните прописи се паркираат десетици таксисти.

Овие таксисти не се диви, тие се веројатно со потребни лиценци и дозволи за вршење такси превоз но се однесуваат прилично диво.

Поради хаосот што го прават таму се создава огромен метеж од возила особено во критичниот период меѓу 15 и 17 часот.

Дополнително, начинот на кој се паркираат е опасност за другите возачи на моторни возила, пешаци и лица кои се возат со мопеди.

На потег се сообраќајните полицајци кои го контролираат сообраќајот во овој дел на Скопје но и сите други владини, скопски и општински институции кои мора да го решат хаосот пред Ист Гејт кој трае од кога е отворен овој трговски центар.

Од видеото јасно се гледа за каков хаос во центарот на Скопје се работи

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top