Македонија

Македонија во првата третина од земјите во светот според безбедноста

Македонија се најде на 51. место меѓу 163 земји опфатени со истражувањето на Институтот за економија и мир од Сиднеј, кој го изработува Глобалниот индекс на мир

Во однос на минатата година Македонија бележи пад од четири места на ова рангирање, во кое индексот се пресметува според степенот во кој државите се вовлечени во внатрешни и надворешни конфликти, чувството за безбедност, тероризам, нивото на криминал, насилните демонстрации, како и воените расходи, извозот на оружје и бројноста на оружените сили.

Од земјите во регионот Македонија е пред Албанија, која го дели 52. место, Босна и Херцеговина (дели 59.), Косово (63.), Србија (дели 64.), а зад Словенија (9.), Хрватска (19.), Бугарија (29.), Црна Гора (34.) и Грција (45.).

Десетте најмирни земји во светот, според Глобалниот индекс за мир се Исланд, Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Швајцарија, Сингапур, Португалија, Данска, Словенија и Финска по тој редослед, а најнебезбедни Русија, Украина, Судан, ДР Конго, Јемен, Авганистан, Сирија, Јужен Судан, Израел и Мали.

Најнови вести од: Македонија

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top