Македонија

Мицкоски го успокојува Филипче: Техничка влада ќе нема од изборите по следните

Премиерот го уверува Филипче дека, ако СДСМ победи на следните избори, ќе владее без т.н. Пржинска влада пред избори

Претседателот на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски, му прецизира на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека укинувањето на техничката влада ќе важи по следните парламентарни избори, независно дали ќе бидат редовни или привремени.

„Измените во Законот за влада велат дека на следните парламентарни избори останува да важи техничката влада, а тоа подразбира дека, како што беше за изборите во 2024-тата, на изборите во 2020-тата, на изборите во 2016-тата, така и сега на следните парламентарни избори останува техничката влада. Јас 100 дена пред одржување на изборите како политички претседател на Владата давам оставка, доаѓа технички премиер, го бира Парламентот, опозицијата СДСМ учествува со свои кадри во рамките на владините тела, министерства, заменици-министри итн. Јавноста мора ова да го знае, ова е факт дека на следните избори ние ќе имаме техничка влада“, изјави Мицкоски во Дневникот на ТВ Сител.

„Бидејќи самиот претседател на СДСМ вели дека тие се толку силни и организирани, луѓето го препознаваат тоа, се приклучуваат кон СДСМ видни интелектуалци, професори итн., претпоставувам дека на следните избори на коишто ќе има техничка влада тие ќе победат и ќе формираат политичка влада. Законот вели дека од тие избори потоа, нема да важи, а тоа значи дека тие коишто ќе ја предводат владата после победата на следните избори веќе ќе немаат техничка влада, ќе можат да си владеат со владата, ќе можат да ја управуваат државата итн. Тоа се законските измени, тоа е суштината”, додаде Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Трибината „Перименопауза и менопауза без митови – што се случува и како да си помогнеме“

Иницијатива на ЗПГА за информирање за најновите сознанија за перименопаузата и менопаузата, хормоналните промени и нивното влијание врз физичкото и менталното здравје кај жените

АЛТА Банка со донација за детски духовно – образовен камп во Охрид

Во АЛТА банка веруваме дека грижата за децата и младите е вложување во иднината на целата заедница. Затоа продолжуваме да поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат заедништво, солидарност, човечност и создаваат можности за подобар и посигурен развој на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

To top