Македонија

Теодосиевски: Мафијашите од коруптивно-криминалната коалиција го распродаваа македонскиот идентитет и ја тероризираа РМ од 2017 до 2024, оставајќи ја во катастрофа!

Оваа и ваква „опозиција“ ни по бројноста ниту пак по сериозноста на настапот може да се факторизира без поширока поддршка. Од каде? Од интелектуалната, академската, политичката, бизнис… мафија инсталирана во текот на изминатите три децении, а реанимирана и дополнета во спомнатиот период 2017-2024 година. Насловот можеше да биде дури и поексплицитен, на пример „Ај честито, мафијо“, или „Да живее автономијата на универзитетот“ итн. И ќе нагласеше одделни сегменти од мафијашките односи во државава актуелни во овој миг, па другите ќе останеа во сенка. Зашто широчината и длабочината на катастрофата на државата е огромна! Ова го нагласува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „ Интелектуално-мафијашка врева“, која ја објави „Плус инфо“.

Натаму, Теодосиевски истакнува: Димензиите на нашата коруптивно-криминална слика инсталирана од домашната мафија можеби најдобро се огледа во тенденцијата за префрлање на вината врз другиот. Тоа е константна проекција што треба да ги држи граѓаните под тензија, да им всадува сомнежи, желба за промени, некогаш страв од иднината итн. Во радикална „идеолошка“ поларизација на општеството како кај нас, тој „обичај“ станува правило, особено во партиските лево-десни конфронтации, но и во јавниот дискурс како главна тема на онаа веќе фамозна „многу мала, слободоумна група на интелектуалци, професори, новинари“ како гласноговорник на „прогресивните“ тенденции во општеството застапувани од остатоците на коруптивно-криминалната коалиција што ја тероризираше државата во периодот 2017-2024 година.

И таа поларизација ги допира сите сегменти во општеството, без исклучок: од најсензитивните до (условно) најбаналните, од државотворноста до цените на лебот и брашното, од евроинтеграциите до ѓубрето, „победите“ и „поразите“… Сега дури и до фашизмот, додуша оној „малиот“ – страотна етикета влепена на повеќе од половина држава! А другата половина се мизерни нефлексибилни евроскептици кои не сакаат да го исполнат сонот на една секта и една „многу мала, слободоумна група на интелектуалци, професори, новинари“. Браво.

Зашто, ако власта е јасно дефинирана и позиционирана, таканаречената опозиција – не е. Ние де факто денес и немаме политичка опозиција односно таа е сведена на облак од постојана тензија, на шум односно најчесто врева за којашто не сте сигурни од кој извор доаѓа. Toa не е само моја констатација, туку и на проф. Иван Анастасовски, кој неодамна јавно констатираше: „Ако направите смеша од сè – и лидерство, и кадровска политика, и начинот на работа – ќе видите дека тоа довело до оваа состојба во која се наоѓа СДСМ денес“!

Но, дали, на пример, вревата доаѓа само од спомнатите остатоци на коруптивно-криминалната коалиција што ја тероризираше државата во периодот 2017-2024 година и нивните „интелектуални“ вазали? Границите полека се бришат, веќе не знаете кој е кој и што е што, до каде допираат долгите криминални прсти а до каде политикантските врски, дали сите наметнати конфликти решаваат паралелни прашања, и кои, дали „политиката“ е навистина до гуша заглибена во криминал и корупција, а мафијата во политиката? Зашто, оваа и ваква „опозиција“ ни по бројноста ниту пак по сериозноста на настапот може да се факторизира без поширока поддршка. Од каде? Од интелектуалната, академската, политичката, бизнис… мафија инсталирана во текот на изминатите три децении, а реанимирана и дополнета во спомнатиот период 2017-2024 година.

Каде и да отворите, ве гледаат ококорените мафијашки очи: автономијата на универзитетот со последниов страотен скандал со „магистранди“ и „докторанди“ на филозофскиот факултет (малите букви се одраз на неговото реноме денес!); независната „трета власт“ со домашни ѕидови полни странска валута, тајни драстични помилувања на затвроските казни на нивни „видни“ членови и на корумпирани адвокати, оставки преку смс пораки и слични срамотилаци; „неполитичките“ и „професионални“ кадри дури и во онаа ДКСК, со ужасни узурпации на раководните функции и дрско отпосле политичко маневрирање; беспримерното пљачкосување во здравството и „белата мафија“ која веќе сама си се вреднува и си пресметува плати; кражбата на електрична енергија и директното неовластено приклучување кое кај нас станува општонародна забава, како впрочем и кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување… итн., итн.


Како константен рефрен одамна отворено се манипулира и со сѐ друго: со националниот идентитет како монета за поткусурување, со културата и образованието, со науката сведена на интернет фолиранти и препишувачи, надворешната политика како дневно мени за цела сурија самопрогласени „шефови“ со фалсификувани Мишелин ѕвездички… Генералната матрица на интензивно преобликување дури и на довчерашното минато и распродавањето на македонскиот идентитет, историја и култура за грст сребреници во вид на нов политички мандат, реизбор во професурата, некакви месечни надоместоци и/или награди и слични срамни трошки речиси секојдневно се дополнува со нови и нови форми.

Сега дури и со „документарни“ филмови коишто најинфантилно ни продаваат некаков „договор со историјата“ стокмен од коекакви шарлатани и клиентелистички политиканти, или пак одредени историски личности највулгарно ги „брендираат“ како нечија партиска и лична сопственост. И нема одговор чиј тоа договор и чија историја ни подметнуваат и со кое право и цели присвојуваат историски личности? – пишубва Златко Теодосиевски во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Евтин ботокс за грѓаните, ризикувале и ги унаказиле – полицијата почна истрага

Акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи отвори сериозни сомневања за постоење добро организирана мрежа која стои зад нелегалниот увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат во естетските третмани.

Ивица Коневски е инвеститор на зградата каде загина работник

Трагедија е ова што се случи. Фирмата ‘Јакимовски ДООЕЛ’ има долгогодишно искуство, сите постапки се почитувани и обезбедени се сите одобренија за градба. Најверојатно дошло до ненадејно излизгување на земјиштето, по што се случила несреќата, изјави Коневски.

Благодарение на брзата реакција на службите, избегната уште поголема трагедија во Кисела Вода при ископот на темели за нов објект

Драматична била ситуацијата утринава на градилиште во Кисела Вода, каде при ископување дошло до затрупување на работници. Според информации од терен, полицијата и пожарникарите пристигнале за неколку минути по пријавата и веднаш започнале со извлекување на затрупаните. Очевидци велат дека службите реагирале веднаш по пристигнувањето. Неофицијално, токму брзата интервенција во првите минути направила разлика, со оглед дека секое дополнително доцнење сериозно би ја влошило состојбата на затрупаните.

Уставно-правните експерти против СДС: не постои уставна пречка за забрана на двојното државјанство

Откако премиерот Христијан Мицкоски сугерираше да се консултираат со правни експерти за предлогот народните избраници да имаат само македонско државјанство, експерти ја поддржаа идејата, а ист став има и шефицата на македонската држава проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова, исто така и таа уставен експерт.

Разбиено злосторничкото здружување за нелегален ботокс: уапсени 14 лица! Во криминалот доктори во скопски клиники и сопственици на дерматолошки ординации!

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за обемната полициска акција спроведена на 23.04.2026 година, во која се сузбиени организирани криминални групи инволвирани во нелегален увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат при естетски зафати. Акцијата е реализирана од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамките на истата, врз основа на судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.

Стаменкоска-Трајкоска: Безбедноста е приоритет и не смее да биде предмет на политика

Во овој момент, надлежните институции постапуваат и се во тек проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот, додава градоначалничката. Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки.

Најнови вести

To top