Македонија

Ивица Коневски е инвеститор на зградата каде загина работник

Трагедија е ова што се случи. Фирмата ‘Јакимовски ДООЕЛ’ има долгогодишно искуство, сите постапки се почитувани и обезбедени се сите одобренија за градба. Најверојатно дошло до ненадејно излизгување на земјиштето, по што се случила несреќата, изјави Коневски.

Инвеститор на зградата во Кисела Вода каде загина работник е поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски. Тој во изјава за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК посочи дека земјиштето е во сопственост на неговото семејство, додека изградбата ја реализира фирмата „Јакимовски ДООЕЛ“.

  • „Трагедија е ова што се случи. Фирмата ‘Јакимовски ДООЕЛ’ има долгогодишно искуство, сите постапки се почитувани и обезбедени се сите одобренија за градба. Најверојатно дошло до ненадејно излизгување на земјиштето, по што се случила несреќата“, изјави Коневски.

Во несреќата животот го загуби еден градежен работник, додека тројца беа повредени откако биле затрупани од земја при ископ на темели. Повредените се пренесени во Ургентниот центар, каде едниот е со скршеници, а другите двајца се со полесни повреди, информира директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџаноски.

Од Итната медицинска помош, д-р Драган Панов изјави дека според првичните информации, настраданите се на возраст меѓу 35 и 45 години, додека загинатиот работник имал 34 години. „Интервениравме со четири амбулантни возила“, посочи Панов.

Од МВР соопштија дека случајот бил пријавен во 08:17 часот во СВР Скопје, при што на градилиште на улица Козјак биле затрупани работници за време на ископ. Дел од нив биле извлечени и транспортирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека спасувачките служби координирале акција за извлекување на останатите.

Од Министерството за здравство информираа дека тројцата повредени се хоспитализирани, при што двајца имаат полесни повреди, а третиот е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Нивната здравствена состојба се следи и продолжува медицинскиот третман.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top