Македонија

Благодарение на брзата реакција на службите, избегната уште поголема трагедија во Кисела Вода при ископот на темели за нов објект

Драматична била ситуацијата утринава на градилиште во Кисела Вода, каде при ископување дошло до затрупување на работници. Според информации од терен, полицијата и пожарникарите пристигнале за неколку минути по пријавата и веднаш започнале со извлекување на затрупаните. Очевидци велат дека службите реагирале веднаш по пристигнувањето. Неофицијално, токму брзата интервенција во првите минути направила разлика, со оглед дека секое дополнително доцнење сериозно би ја влошило состојбата на затрупаните.

Пожарникарите што учествувале во извлекувањето, сведочат дека со рачни алати копале во земјата за да стигнат до затрупаните. – Беше потресна глетка. Акцијата траеше четириесетина минути, а во неа беа вклучени седуммина пожарникари. За да ги извлечеме од под земја, користевме рачни алати. Кога ги извадивме, тројцата беа контактибилни, но вознемирени и исплашени, додека четвртиот беше мртов. Повредените беа пренесени во Ургентниот центар – изјави командантот на Градската противпожарна бригада Ѕвонко Томевски.

Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 8:17 часот, по што веднаш биле ангажирани сите надлежни служби. – Денеска (24.4.2026) во 8:17 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита, се преземаат мерки за вадење и на третото лице – беше првата информација од МВР до медиумите. 

Во тек е увид на надлежните институции, кои треба да ги утврдат причините за несреќата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top