Македонија

Уставно-правните експерти против СДС: не постои уставна пречка за забрана на двојното државјанство

Откако премиерот Христијан Мицкоски сугерираше да се консултираат со правни експерти за предлогот народните избраници да имаат само македонско државјанство, експерти ја поддржаа идејата, а ист став има и шефицата на македонската држава проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова, исто така и таа уставен експерт.

Нема уставна пречка Собранието да го донесе законот со кој се ограничува пратениците да имаат двојно државјанство, сублимирано е ставот на уставните и на правниот експерти откако премиерот Христијан Мицкоски им сугерираше на своите пратеници да се консултираат со правни експерти пред да продолжи процедурата за измени на Законот за пратеници, според кои, народните избраници ќе треба да имаат само македонско државјанство.

Шкариќ: Би биле расчистени  односите меѓу Македонија и Бугарија

Професорот по уставно право д-р Светомир Шкариќ смета дека е добро да се донесе законот, бидејќи забраната за двојно државјанство би била чекор напред во расчистувањето на односите помеѓу Македонија и Бугарија. – Уставот го гарантира правото на државјанство на граѓанинот, не содржи одредба за двојно државјанство. Со други зборови, постои уставна празнина, таа празнина ја пополнува Законот за државјанство од 1992 година. Тој закон дозволува двојно државјанство на граѓанинот. Сега, еве, Собранието сака да донесе закон за забрана на двојното државјанство за пратениците. Ако биде усвоен тој закон, ќе имаме два закона – тој за државјанство од 1992 година што предвидува двојно државјанство на граѓанинот и Законот за забрана на двојно државјанство за пратениците. Во таков случај ќе има колизија на два закони. Уставниот суд не е надлежен за решавање на колизија на законите – вели Шкариќ.

Според него, останува можноста Уставниот суд, доколку сака, да отвори постапка за оцена на овој закон и ќе мора да се повика на меѓународните конвенции кои, пак, бараат да се намали бројот на бипатридите, односно на граѓаните со двојно државјанство.

– Постои и Конвенција на Советот на Европа од 1963 година, според која оригиналното државјанство автоматски се губи во случај на доброволно стекнување друго државјанство. Двојното државјанство содржи многу дилеми и проблеми во врска со плаќање даноци, во случај на агресија на земјата, тогаш која земја ќе ја бранат. Многубројни проблеми создава двојното државјанство. Веројатно поради тоа Собранието размислува да направи некакви ограничувања. Моја оцена е дека би било добро законодавецот да го забрани двојното државјанство за сите носители на јавни функции. Уставниот суд нека оцени кој е носител на јавна функција, бидејќи категоријата јавна функција е предвидена со Уставот. Таквата забрана би била чекор напред во расчистувањето на односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Неподносливо е голем број носители на јавни функции да имаат двојно државјанство – вели Шкариќ.

Најчевска: Законите немаат ретроактивно дејство

И довчерашната поддржувачка на политиките на СДС професорката по право Мирјана Најчевска смета дека поставувањето одредени ограничувања за избор на пратеници е апсолутно уставно дозволено со цел да се постигне колку е можно посоодветно претставување на граѓаните. – Проблемот се појавува во врска со тоа дека нашите граѓани во дијаспората имаат можност да гласаат и на тој начин може да се проблематизира ваквото ограничување. Јас лично мислам дека поставувањето на условот за едно државјанство не би требало да се смета за противуставно и дека е издржано во насока на она што претставува конфликт на интереси, кој би можел да се појави кај пратениците кога одлучуваат за донесување на законска регулатива што може да биде спротивна на она што се интересите на другата држава кон која што припаѓаат – вели Најчевска.

Таа нема дилема дека ограничувањето треба да важи и за министрите, односно за функционерите, бидејќи тие дефинитивно можат многу лесно да дојдат во конфликт на интереси во однос на тоа чии интереси ги застапуваат во одреден момент. За дилемата дали ограничувањето на двојното државјанство може да се толкува како дискриминација на функционери од заедниците кои по раѓање имаат и друго државјанство, професорката вели: – Во моментот кога ќе решат да станат пратеници во Собранието на Македонија, тие решаваат да ги претставуваат граѓаните на Македонија. Автоматски мора да решат или ќе ги претставуваат сите граѓани на Македонија и ќе решаваат во интерес на граѓаните на Македонија, или ќе бидат дел од една друга структура. Значи, ним никој не им брани да имаат двојно државјанство, меѓутоа во моментот кога ќе решат да станат дел од она што претставува одлучувачко тело, тогаш дефинитивно мора да решат каде припаѓаат – вели професорката за „Слободен печат“.

И Шкариќ и Најчевска се децидни дека законите не важат ретроактивно, односно ако законот помине, тој ќе важи за следниот парламентарен состав.

Најнови вести од: Македонија

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

Обвинителот предложи притвор за „газдарицата“ на „Камените кукли“ Стојна Димитровска Бут (41) од Кратово, која беше уапсена на 2 август, откако се тепаше со туристи!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која вчера беше лишена од слобода и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација на локалитетот „Камени кукли“, наоѓалиште е заштитено како природна реткост, во кратовското село Куклица.

Митрополит Григориј: ЕУ ѝ дозволува да Бугарија злосторнички да се меша во уставот, за да ги бугаризира Македонците и да се прекројат границите на Македонија!

„Божествен пророче и небесен човеку Илија, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и милост голема на душите наши! ЕУ ја штити Бугарија. ЕУ ѝ допушти на Бугарија на македонскиот народ да му испрати бранови на смрт, наместо бранови на живот. На Бугарија ѝ се дозволува да изврши етноцид – геноцид врз македонскиот народ.“ – нагласува, покрај другото Григориј, митрополитот Кумановско-осоговски на Макеодонската православна црква – Охридска архиепископија, во своето слово по повод државниот празник Илинден и црковно-народниот празник Свети Илија.

„Македонска нација“: Сократ Маркилов, симболот на неуништливоста на македонската свест наспроти сите обиди на Бугарија да ја уништи!

… живеев, страдав. Окови носев. Зад железни решетки заклучен бев во ќелија темна, таму тиранинот ме мачеше, поради тоа што се борев за ослободувањето на мојата поробена татковина Македонија. Македонци, мои мили браќа, не жалете ме! Главите горе, запејте ја ‘Бисер Балкански’ и продолжете ја борбата за остварување на вековните стремежи и идеали на нашиот измачен македонски народ. Мојата смрт нека биде вечно проклетство на македонските непријатели, поробувачи алчни, без ронка чест, без ронка срам.“ – ова е претсмртната порака до сиот македонски народ, која му ја оставил Сократ Данаилов Маркилов, еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и страдалник за македонската национална кауза во Бугарија. Оваа порака на Маркилов е објавена како дел од некрологот за 40-дневниот помен од неговата смрт во 1993 година, кој му го одржал тогаш ОМО „Илинден“ – Пирин, политичката организација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија. Тој е починат на денешен ден, на 4 август во 1993 година. Триесет и третата година од неговата смрт е соодветен повод за должно сеќавање и чествување на животот и дејноста на овој истакнат деец за Македонија и македонскиот народ, кој одлежа 17 години во бугарските затвори, поради својата македонска определба и дејност.

To top