Регион

Возило во спротивен правец усмрти четворица на автопат во Србија

Тешката сообраќајна несреќа на автопатот Рума – Шабац ја предизвикал возач што јурел со 130 км/ч во спротивна насока

На автопатот Шабац-Рума денеска околу 13 часот се случи сообраќајна несреќа, при што загинаа четири лица, потврди РТС.

Неофицијално, несреќата се случила поради неправилно поврзување со автопатот. Возачот на „Форд“, кој се движел во спротивна насока, удрил во „Голф“ во кој имало четири лица, од кои две починале на самото место, а едно лице во болница. Уште едно лице е пренесено од болницата во Шабац во Ургентниот центар во Белград поради сериозноста на повредите.

Возачот на темно сивиот „Форд“ возел во спротивна насока со брзина од 130 км/ч.

Возачот и сопатникот во „Голфот“, со тешки повреди, беа пренесени со возило на брза помош и лечени во болниците во Шабац и Сремска Митровица.

24-годишен маж, кој беше примен во болницата во Сремска Митровица со сериозни повреди на градниот кош, почина, потврди РТС.

Повредениот 22-годишен маж, кој беше лекуван во болницата во Шабац, беше пренесен во Ургентниот центар во Белград поради сериозноста на повредите.

На социјалните мрежи се појавија објави пред несреќата со кои се предупредуваа другите возачи дека сивиот Форд вози во спротивна насока.

Сообраќајот во правец на Рума беше во прекин пет часа поради несреќата и истрагата.

Најнови вести од: Регион

Макрон ја предупреди Турција: Франција ќе реагира доколку биде нарушен грчкиот суверенитет

Денеска, Макрон и Мицотакис ќе ја посетат фрегатата „Кимон“ во Пиреја, ќе одржат работен состанок во Вила Максимос, ќе присуствуваат на потпишување на билатерални договори и ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

To top