Свет

Мерц: Иран ги понижи САД

Германскиот канцелар сугерира дека Техеран ја надмудри администрацијата на Трамп на преговарачката маса

 

 

Острата проценка на германскиот канцелар Фридирих Мерц за застојот во американско-иранските разговори директно е во спротивност со напорите на Доналд Трамп да ја прикаже ситуацијата во позитивно светло и веројатно ќе го продлабочи сериозниот трансатлантски јаз меѓу САД и нивните сојузници во НАТО, пишува Гардијан.

Пред два дена, Доналд Трамп го откажа патувањето на американските преговарачи во Исламабад, каде што требаше да се одржат индиректни разговори со иранската делегација. Претходната рунда разговори во пакистанската престолнина, одржана две недели претходно, заврши без напредок, а американската делегација потоа ја предводеше потпретседателот Џеј Ди Венс.

Само еден ден пред изјавата на Мерц, американскиот претседател изјави за Фокс Њуз: „Ги држиме сите карти во наши раце“, додавајќи дека ако Техеран сака да разговара, „може да дојде кај нас или може да ни се јави“.

Мерц оценува дека тимот на Трамп бил надигран:„Очигледно, Иранците се многу вешти преговарачи, или уште подобро, тие се многу вешти во избегнувањето преговори. Тие им дозволуваат на Американците да дојдат во Исламабад, а потоа ги оставаат да си заминат со празни раце“, рече тој.

„Целата нација е понижена од иранското раководство, особено од таканаречената Револуционерна гарда. Затоа се надевам дека сето ова ќе заврши што е можно поскоро“, додаде германскиот канцелар.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top