Свет

ЕУ пишман за придружното членство на Канада

Група членки на Унијата, меѓу кои Германија, Франција и Грција, се спротивставиле на тоа, објави „Политико“

Државите-членки на Европската унија се откажуваат од идејата да ѝ понудат на Канада статус на „придружна членка“ во рамките на блокот од 27 земји, одлучувајќи се наместо тоа за поблаги формулации кои ветуваат „сè поблиско поврзување“, во пресрет на значајниот самит ЕУ-Канада. Ова го покажува најновиот нацрт на декларацијата, како што пренесува „Политико“.

Група земји – меѓу кои Германија, Грција и Франција – изразија противење на спомнувањето на „придружно членство“ во заедничката изјава на ЕУ и Канада, која се подготвува за објавување во Монтреал, изјавија дипломати за овој медиум.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи „придружно членство“ за Канада за време на нејзиниот говор за состојбата на Европската унија во септември – потег што ги изненади некои од земјите членки на ЕУ.

Во првичниот нацрт на заедничката изјава се наведуваше дека ЕУ и Канада „ќе работат на дефинирање, до самитот ЕУ-Канада во 2027 година, на концептот за ’придружна членка‘ – форма на уште поблиска соработка што ги одразува нашите заеднички напори и соработка кон споделените цели за просперитет, економска безбедност и стратешка автономија“.

Сепак, во конечната верзија стои: „Ќе изградиме уште поблиска врска меѓу Канада и ЕУ… и ќе работиме на дефинирање, до самитот ЕУ-Канада во 2027 година, на концептот за сè поблиско поврзување на Канада со ЕУ, што не подразбира полноправно членство“. Понатаму во изјавата, формулацијата се менува од „уште поблиска“ во „сè поблиска“. Текстот сè уште нема добиено конечно одобрување.

И покрај отпорот кон терминологијата што се користи за опишување на односите, Брисел не го менува својот предлог до Канада за значително проширено партнерство.

„Добрата вест е што конкретните етикети или номенклатурата не се важни“, изјави во вторникот Марк Карни (во контекст на канадската страна). „Важна е разликата што ова ќе ја донесе во животите на Канаѓаните.“

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top