Во Шпанија започна тридневна национална жалост по железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица, а десетици беа повредени. Според Би-Би-Си (BBC), ова е По една од најтешките железнички несреќи во модерната европска историја во која загинаа најмалку 68 лица, во Шпанија е прогласена тридневна жалост.
Надлежните ги истражуваат причините за несреќата, која се случи во средата наутро, кога воз со голема брзина, кој патувал од Мадрид кон Севиља, удрил во воз што стоел на пругата.
„Цела Шпанија е во жалост“, изјави премиерот Педро Санчез, додавајќи дека „животи се уништени, семејства се растурени, а болката е огромна“.
Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, потврди дека возот што стоел на пругата – управуван од приватната компанија „Ирио“ (Iryo) и со 147 патници – застанал поради дефект во компјутерскиот систем.
Пуенте објасни дека во случај на таков системски дефект, контролата ја презема оперативен центар во Мадрид кој работи 24 часа. Сепак, според министерот, центарот донел „неразбирлива“ одлука, давајќи им на возовите наредба да продолжат со движење – без никакви ограничувања на брзината.
Аудио снимките од комуникацијата меѓу оперативниот центар во Мадрид и машиновозачите откриваат дека возот со голема брзина добил дозвола за движење, иако возот пред него бил во дефект и сè уште стоел на пругата. Компанијата „Ирио“ соопшти дека во еден од нејзините возови, од задната страна, удрил воз управуван од шпанската државна железничка компанија „Ренфе“ (Renfe), во кој имало 397 патници. Од силината на ударот, неколку вагони се лизнале по насипот.
Според шпанскиот јавен сервис ТВЕ (TVE), во текот на ноќта пред зградата на Министерството за транспорт во Мадрид се собрале околу 1.500 луѓе. Демонстрантите главно бараа оставки од премиерот Санчез и министерот Пуенте.
Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, откако демонстрантите почнаа да фрлаат шишиња и сигнални ракети. Нема извештаи за повредени лица или апсења.
И покрај ситуацијата, се очекува машиновозачите сепак да го спроведат планираниот штрајк во четврток. Шпанскиот синдикат на машиновозачи (Semaf) изјави дека протестот се организира „во одбрана на безбедноста на железницата“. „Шпанија има право да знае што се случува со нејзината инфраструктура“, рече Алберто Нуњез Феихоо, лидер на главната опозициска Народна партија.
Доцна во средата, семејствата сè уште се обидуваа да добијат информации за патниците кои биле во возовите.
„Главниот приоритет е идентификување на исчезнатите лица и земање примероци од ДНК, за да можеме да ги лоцираме нивните семејства“, соопшти Граѓанската гарда на платформата за социјални медиуми X.
Во Толедо, во близина на местото на несреќата, локалните жители се собраа на бдеење и одржаа едноминутно молчење за да им оддадат почит на жртвите. Знамињата на Европската унија на зградите на европските институции во Брисел се спуштени на половина копје – гест што Европската комисија го опиша како знак на европска солидарност за време на денот на жалост во Шпанија.
Несреќата во средата е најсмртоносната железничка трагедија во Шпанија од 2013 година, кога 80 луѓе загинаа во близина на Сантијаго де Компостела, во северозападниот дел на земјата.
🚨🇪🇸Chaos in Madrid, Spain, as police attack thousands of protesters demanding justice for the 68 people killed in the train disaster.
Pedro Sánchez sent police against his own people protesting outside the Transport Ministry after the horrific crash!
Like Serbian students,… pic.twitter.com/I3ePdhyAwh
— Mario ZNA (@MarioBojic) October 28, 2026