Македонија

Околу сто скопјани казнети за фрлање ѓубре во контејнер по 22 часот

Над 2.000 евра собрал Град Скопје од граѓаните и од компаниите по оваа основа од ноември досега

Инспекторите на Град Скопје досега изрекле околу 100 казни на граѓани кои фрлале комунален отпад во контејнери по 22 часот, како и десетици казни на компании и над 100 опомени, објавува Portalb.mk.

Мерката е воведена со одлука од ноември 2025 година, со која се забранува фрлање отпад помеѓу 22 и 6 часот. Казната е 50 евра, а според податоците од градските власти, буџетот досега собрал над 2.000 евра од ваквите казни.

Според Град Скопје, забраната значително ја подобрила хигиената во градот и влијаела врз навиките на граѓаните.

Инспекторатот најавува продолжување на засилените контроли со работа во три смени и контроли на критични локации. Планот е и инсталирање видео надзор за подобра контрола на прекршоците.

Дополнително, Советот на Град Скопје одлучи дека кафулињата, маркетите и другите деловни објекти мора да обезбедат посебни контејнери за отпад, со цел да се намали оптоварувањето на заедничките контејнери наменети за домаќинствата.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

To top